naslovna sveti naum e1687770734438

И оваа година, по 16-ти пат, ќе се организира поклоничкото патување „По стапките на нашите предци“ во организација на Х.О Утешител. Ќе се оди пешки, согласно традицијата на нашите предци, а во чест на големиот и преподобен Свети Наум, Охридскиот чудотворец. Должината на патеката е околу 25 километри.

291069167 760657288711487 6241732951303491161 n edited

Се поаѓа организирано со превоз од Битола во недела на 2.07.2023 година, во 3.30 часот после полноќ од пред хотел Епинал.

„Последната дестинација од патувањето, од селото Лескоец-преспански се оди пешки по пресеката на нашата планинска убавица Галичица, баш по истата по која со векови оделе нашите предци, во чест и слава на Бога и на неговиот свет угодник – Св.Наум. По пристигнувањето, се сместуваме во дворот на манастирот и потоа учествуваме на свечената вечерна Богослужба. Се спие на отворено, во вреќи, во Божјиот хотел со илјадници ѕвезди. Утрото присуствуваме на Светата Божествена Литургија и торжествената благодатна радост која изобилно ја излева Св.Наум, охридскиот чудотворец на сите присутни. За да се организира превозот, секој кој сака да учествува на ова благодатно поклоничко патување нека се јави на телефоните: 077 803 823, 075 695 722“, информира Драги Анастасовски од Х.О Утешител.

291147512 2434648210008819 8992227047519090954 n

Минатата година дел од ова поклоничко патување беа 50-тина учесници од повеќе градови кои пешачеа 10 часа до манастирот.

291712244 1852953004907635 1631778525227905314 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…