poetsko pero pande e1749110538626

Поетски настан, посветен на поетот, раскажувачот, новинарот, општественикот Панде Манојлов се одржа во Галеријата „Ранко Струмениковски“ по инцијатива на д-р Лили Бошевска со поддршка од „Пелагонски културно – научни средби“- Новаци, кои ја имаат воведено наградата „Панде Манојлов“ и „Македонското научно друштво“ – Битола.

Пред присутните се обрати претседателката на МНД – Даниела Андоновска – Трајковска и заменик претсетаделот на Пелагонските средби – Никола В. Ристевски.

poetsko pero pande1 e1749110716533

Во негова чест, неговите колеги поети, прозисти од Битола: Добре Тодоровски, Милица Радевска, Весна Мундуишевска – Велјановска, Лили Бошевска, Гордана Такец, Биљана Т. Димко, Никола В. Ристевски, Маја Митровска читаа негова поезија, а пак неговите колеги од Охрид: Мирко Томовски, Даниела Илијовска, Митко Кољушевски, Митре Манговски Родеждански читаа нивна поезија посветена на поетот Манојлов.

На настанот беше присутна сопругата на поетот, Виолета Манојлова и неговиот внук. Настанот го збогатија и уметниците од соседна Грција, заедничко со поетот им е творештвото за Палестина, чија химна ја напиша токму Панде Манојлов.

poetsko pero pande 2 e1749110784938

Панде Манојлов (1948- 2020)  ќе остане запаметен како поетот на Битола. Неговиот лик и дело се достапни преку неговата книжевна оставнина која е обемна и по број и по важност, затоа што како Превер што претставува поетот на Париз сепак е голем француски поет, така и Манојлов на своите поетски корави плеќи ја носи Македонија – за која често знаеше да каже дека е „многу повеќе од она што ни се кажува“, со посебено нагласување  ја пишуваше родољубивата поезија и со иста таква љубов пишуваше поезија деца, за со книгата раскази „Последната корида на душата“ да остави во спомен дел од колективната меморија на обичниот човек, оној човек кој после неговото заминување од овој свет – нема никој повеќе да се сети – затоа што бил обичен. Ликот и делото на Манојлов не смее да биде заборавено од книжевната јавност, но ни од соодветните институции.

Крушево го удвојува капацитетот за параглајдинг: Започна изградбата на новите модерни полетувалишта
Инвестиција во современа спортска инфраструктура и одржлив авантуристички туризам во рамки на …
Бутин: Лоши луѓе во лоши времиња
Пишува: Маја Богоевска Не сакам многу да зборувам кога се возам со …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…