pesna dejan

Во чест на месецот на менталното здравје, битолскиот музичар Дејан Нашоку со голема искреност и емоција го најавува својот четврт студиски албум под наслов „Pain, Devour Me“ – дело што претставува силна уметничка изјава за тивката болка која многумина ја носат.

Меѓу песните на албумот, се издвојува „Flying To Sleep“, чиј текст Дејан го напишал уште во средношколските денови. Песната е посветена на сите што ја изгубиле битката со менталната болест, како и на оние кои и понатаму се борат – тивко, далеку од очите на јавноста.

„Оваа песна е за оние кои живеат со депресија, а никој не знае. За оние што виделе светлина на крајот од тунелот и успеале. Но и за оние што водат внатрешна војна, која никој не ја гледа“, вели Дејан.

Преку „Pain, Devour Me“, Дејан испраќа порака за освестување и емпатија – особено во време кога темата за менталното здравје сè уште често се игнорира или стигматизира.

„Прашајте ги вашите блиски како се. Не само формално. Слушајте ги. Помогнете каде што можете. Понекогаш и најмал гест може да направи огромна разлика“, додава тој.

Новото издание на Дејан Нашоку се очекува да биде длабоко лично патување низ болката, загубата и надежта, со музика што лекува, отвора дијалози и носи свест.

Прегласниот свет и тивкиот човек
Пишува: Сара Танаскоска Живееме во време кога гласноста се наградува, а тишината …
Здравје во боја – овошја што го разладуваат телото и ја хранат душата
Летото е време кога нашето тело природно бара повеќе течности, лесна храна …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…