mon

Согласно објавените резултати по поднесени проекти по “Бугарската програма за развој” која ја реализира Министерството за надворешни работи на Република Бугарија како обврска на земја членка на Европската Унија кон финансиски поддршки на проекти од интерес за ЕУ интегративните процеси на земјите кои претендираат да станат кандидати на европското семејство, по поднесениот предлог Проект на 31 мај 2024 година, еден од добитниците на грант е и Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола за реализација и организација на 44. издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” 2025 година.

mon 04

“Радосни сме што по 2 години аплицирање оваа 2025 ни е одобрен Проектот за реализација и организација на 44. издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” 2025 година кој ќе се реализира традиционално во периодот од 23 – 31 мај 2025 година а на кој потврдено е учество на 18 делегации од 17 држави или помеѓу 150 и 180 учесници – професори и асистенти.

Оваа финансиска поддршка за нас значи прво признание дека сме сегмент по кој се вреднуваат ЕУ интегративните вредности на нашата земја во сегментот меѓугранична соработка – добрососедски односи – образование и култура а второ средствата се помош со која веќе можеме да гарантираме квалитетно и професионално издание на “Мал Битолски Монмартр” оваа година.” – изјави Елена Хаџи-Антоновска – претседател на ДЛС.

mon 02

Договорот за финансиска поддршка беше потпишан во Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола со присуство на Н.Е. Николај Димитров и претседателката на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола како и претседателот на УО Славчо Неделковски.

“Оваа поддршка по проект за нас говори дека постулатот на ЕУ Европа без граници и на Балканот е можен особено во сегментите кои се максимално аполитични како културата и спортот. Учесниците на “Мал Битолски Монмартр” доаѓаат од 5 континенти но сепак ние сме дел од Европа и оваа поддршка е и признание на нашиот основач Коста Хаџи-Антоновски [ 1935 – 2021 ] кој цел свој животен век беше преку “Мал Битолски Монмартр” сегмент од Европските културни престолнини, основајќи колонии во земјите од ЕУ но и Балканот поради што од небројните признанија особени би ги истакнале она во 2004 година кога по оценки на комисијата за заслужни личности на градот Париз – Коста Хаџи-Антоновски го добива Медалот на градот Париз за посебни заслуги за промоција и посебни достигнувања во областа на културата и уметноста а кој се доделува од 1911 година додека 4 години подоцна со Одлука на Владата на Франција во 2008 година Министерството за култура на Франција му го доделува и највисокото признание Орден за уметност и книжевност на Франција кој се доделува од 1957 година со што го издига во рангот на Витез во областа на ликовното и уметничкото творештво и литература [ одлука на Претседателот Шарл Де Гол од 1963 година ].

mon 05

И таа негова мисија успешно продолжува со подготовката на 44 издание на “Мал Битолски Монмартр” и обемната годишна програма на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола за 2025 година.” – истакна Славчо Неделковски – претседател на УО при ДЛС.

Проект доби и Горската служба за спасување “Томе Ристев” Битола.

Живеј за оние на кои им требаш, подалеку од оние кои те сметаат за помалку вреден
Зошто се грижиш да го разубавиш твојот лик пред очите на оние …
Како да ги научиме децата да сакаат да читаат
Докажано е дека децата кои редовно читаат добиваат подобри оценки и затоа …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…