Од денес, во Киното Манаки, како дел од програмата на битолското културно лето, почнува филмската ревија „Денови на SEE Film Festival“, која ќе трае до 15 јули. Проекциите започнуваат во 20.00 часот и се бесплатни, а ќе бидат прикажани дел од најдобрите наградени филмови од дванаесеттото издание на фестивалот на кинематограферите од Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон.

Вечерва, ќе биде прикажан филмот „КЕИФ“ (Македонска чалгиска традиција) во времетраење од 94 миути, во режија на Блаже Дулев, а по сценарио на Ристо Солунчев.

Синопсис:

Македонската чалгија е вкоренета во музичкиот код на многу генерации. Оваа музика претставува основа и структура за многу современи музички форми и исто така претставува карактеристичен феномен што го спојува фолклорот со наследството на музичката традиција на Истанбул, т.е. со византиската црковна музика и со класичната отоманска во еднo, кореспондирајќи со осмогласието и макамскиот систем.

Филмот ги следи историјата и почетоците на чалгијата од Цариград (Истанбул) до Македонија во текот на еден век. Ја следи историјата на старите македонски музички групи (тајфи) основани во Скопје, Охрид, Велес, Кавадарци, Битола, но исто така и турската класична музика, преку академски професори од Турција. Во филмот се користат стари архивски снимки од изведбите на бардовите на овој вид музика, што носи на површина важен сегмент од македонските музички традиции за идните генерации.

Филмот го следи развојот на чалгијата во Македонија, западните влијанија, резултатите од оваа синтеза и секако, нејзиното појавување во денешниот контекст, преку интервјуа со македонски музичари, но и светски познати уметници како Кудси Ерѓунер, Омар Фарук Текбилек, Ѓунај Челик, Симон Шахин итн.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

10. издание на Фестивалот на електронска музика СМОТРА во Старата битолска чаршија

Во Старата битолска чаршија, синоќа се одржа јубилејното 10-то издание на Фестивалот…