На Државното првенство за деца од 10–11 и 12–13 години, во дисциплините кати и борби, во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во Кисела Вода – Скопје, карате клубот „Заншин До“ од Битола настапи во шест категории и освои бронзен медал, со што обезбеди пласман на претстојното Балканско првенство.

Со бронзен медал се закити машкиот тим во ката (генерација 2015–2014): Теофан Ивановски, Дамјан Никодиновски и Михаил Јовановиќ. Во индивидуална конкуренција, Бојана Бошкова (ката – девојчиња, 2015 година) оствари три убедливи победи и обезбеди директен пласман за Балканското првенство, кое ќе се одржи од 28 мај до 1 јуни 2025 година во Бар, Црна Гора.


Тренерот Стевка Јанковска Петковска изјави:
„Горда сум на постигнувањата на нашите млади каратисти кои покажаа борбен дух, дисциплина и квалитет. Посебно ме радува што дел од нив ќе бидат и дел од Македонската карате репрезентација за деца и помлади кадети, која ќе ја водам како селектор на Балканското првенство во Црна Гора. Ова е голем чекор напред за нашиот клуб и поттик за понатамошна работа.“










