sonja

По предлог на НУ Народен Театар Битола актерката Соња Михајлова, доајенка на македонската театарска сцена и долгогодишен член на Народниот театар во Битола, е добитничка на наградата за животно дело доделена од Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Ова признание претставува круна на нејзината плодна и инспиративна кариера, која трае повеќе од четири децении, стои во објавата на НУ Народен театар Битола.

Михајлова е добитник на наградата за животно дело заедно со актерите Снежана Конеска-Руси и Гоце Тодоровски.

teatar press 1

Со својата оригиналност, неуморност и посветеност, Соња Михајлова остави длабок печат во македонската театарска уметност и останува инспирација за идните генерации актери.

Родена на 14 октомври 1958 година во Битола, Соња Михајлова дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1983 година, во класата на проф. Љубиша Георгиевски. Истата година се вработила во Народниот театар – Битола, каде останала до нејзиното пензионирање во 2022 година. Иако во пензија, Михајлова изјави дека останува посветена на театарот, велејќи: „Глумата и театарот се засекогаш со мене и во мене“ .

Соња Михајлова е добитничка на бројни награди и признанија, меѓу кои:
-Награда за млад актер на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, Прилеп.
-Награда „Ристо Шишков“ за улогата на Петра фон Кант.
-Награда за најдобро актерско остварување за улогите на Сандра Заум во претставата „Магна карта“ и Цвета во „Балканот не е мртов“.
-Награда за најдобра женска епизодна улога за ликот Мирса во претставата „Бегалка“
-Награда „Златна маска“ за најдобра женска улога во претставата „Свирач на покривот“
-Награда за најдобра женска улога за ликот на Каесар во претставата „Јулиј Цезар“ на Фестивалот на античка драма „Стоби“
-И оваа година -награда за животно дело на Фестивалот „Војдан Чернодрински“.

Михајлова има богата кариера со улоги во театарски, филмски и телевизиски проекти. Некои од нејзините познати улоги вклучуваат:
„Табакерата“ (1972)
„Јужна патека“ (1982)
„Бушава азбука“ (1985)
„Трговецот од Солун“ (1985)
„Девојките на Марко“ (1987)
„Ѕвездите на 42-та“ (1987)
„Еурека“ (1989)
„Прекалени“ (1994)
„Северо источно од југозапад“ (2000)
„Што сонува кучето“ (2000)
„Сенки“ (2007)
„Збогум Румелија“ (2008)
„Македонски народни приказни“ (2010)
„Тврдокорни“ (2013)
„До балчак“ (2014)
„Лимоната“ (2015)
„Големото прогонство во Кавкасија“ (2015-2016)
„Обожение“ (2016)
„Кајмак“ (2022)
„Црвениот поет“ (2024) .

Со околу 150 одиграни ролји, Соња Михајлова не мирува. Иако пензионер таа настапува во НУ Народен театар Битола со концептуалната монодрама ,,Куфер.МК” во која ја сумира нејзината животна и творечка приказна .

473756352 122167698494051791 8588816203758550142 n

Михајлова е добитник на наградата за животно дело заедно со актерите Снежана Конеска-Руси и Гоце Тодоровски.

Зошто сме постојано уморни и кога ништо не правиме
Никогаш немаме работено повеќе – а никогаш не сме биле поуморни. Деновите …
Македонското вино и храна – Совршена симфонија на вкусовите
Виното секогаш ја следи храната, со својата разновидност на вкусови, ароми и …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…