Messenger creation CD2C5559 6BAE 47A9 8CA4 78A4A2146A0D

Манастирот „Свети Ѓорѓи“ се наоѓа во близина на селото Велушина, западно од Битола, и претставува значајно духовно и културно светилиште во Пелагонија. Сместен на тивко возвишение, опкружен со бујна природа и стари дабови дрвја, овој манастир е место на молитва и духовен мир.

Messenger creation 309E3E08 5B54 451F 99C0 6A5B778B9F7D

Изграден во 1839 година, манастирот е посветен на Свети Георгиј – великомаченик и заштитник, чие дело и живот оставиле длабока трага во христијанството. Црквата во рамките на манастирот е трикорабна градба со убав иконопис, кој го завршил зографот Јован во 1848 година.

Messenger creation 7B02F084 5629 4907 B159 FE02B00B0295

Секоја година, на 6 мај, во манастирот свечено се одбележува празникот Ѓурѓовден – денот посветен на Свети Георгиј. Овој ден се смета за симболичен почеток на пролетта, време кога природата се буди, полето се благословува. Голем број верници од Битола и пошироко доаѓаат во манастирот со своите семејства за да запалат свеќа, да се помолат и да присуствуваат на литургијата и народниот собир.

Messenger creation 4F09C1D9 F446 4302 BAE1 6C90C4B99090

Во близина на манастирот се наоѓа и извор на света вода, за кој се верува дека има исцелителна моќ, а посетителите често носат вода со себе како благослов.

Messenger creation 4338DB4E B401 412E B3E2 CE9372CE8E32

Иако во 2022 година манастирот претрпе оштетувања од земјотреси, тој останува живо сведоштво за вербата, традицијата и духовната сила на народот.

Messenger creation 90920BE6 5500 43D4 B453 468F9A5308A3

Светиот великомаченик Георгиј

Овој славен и победоносен светител беше роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина. Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан. Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин. Царот го фрли во затвор, па нареди нозете да му ги стават во клада, а на градите да му положат тежок камен. Потоа нареди да го врзат на тркало под кое имаше штици со големи клинци и така го вртеа додека целото тело не му се направи една голема рана. По ова го закопа во ров, така што надвор од земјата му беше само главата и го остави во ровот три дена и три ноќи. Потоа со помош на некој магионичар му даде да испие смртоносен отров. Меѓутоа, при сите овие маки, Георгиј непрестајно Го молеше Бога и Бог веднаш го исцелуваше и на големо одушевување на народот, го спасуваше Својот маченик од смртта. Кога светиот Георгиј воскресна и еден мртовец, тогаш многумина ја примија верата во Христа. Меѓу овие беше и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Валериј, Донат и Терин. Најпосле, царот ги осуди Георгиј и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивна на губилиштето пред да ја убијат, а свети Георгиј го убија во 303 година. Безбројни се чудата што се јавија на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден. Сиот разгорен од љубов кон Господ Христос, Свети Георгиј без тешкотии остави сè заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет. За оваа љубов Господ го награди со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. И го дарува со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите.

Грешки за кои треба да си простите
Грешки. Сите ние ги правиме. Иако знаеме дека е човечки да се …
Не можеш да ги задоволиш сите – живеј за себе
Секогаш ќе бидеш храбар во нечии очи, а плашлив во други. Силен …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…