Бендот The Groove постои од 2015 година, настапува низ цела Македонија и нивните настапи се познати по одличните журки, позитивна енергија и препознатливиот стил. Последната година бендот се насочува кон креирање на своја авторска музика и работи константно на истата.
Првиот сингл ,,Љубов” беше изваден во Јануар месец и беше прифатен одлично од публиката. Вториот сингл ,,Тука сум до тебе” е едно емоционално парче музика кое зборува за нераскинливата врска помеѓу родителот и детето. Музиката и текстот се на на самиот бенд, а видео записот е снимен на повеќе локации во и околината на Битола.
Паралелно се работи на останатите песни и целта на бендот е некаде август месец да го извади првиот албум на кој ќе претстои и промоција на истиот.