Битолскиот народен театар се закити со 5 награди на 56-от фестивал “ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ” во Прилеп, а ние уште еднаш покажавме и докажавме зошто Битолски театар е еден од водечките театари во нашата држава.
ОДЛУКА на Комисијата во состав:
Љупчо Ѓорѓиевски
Бесфорт Идризи
Сотир Трајковски, ја донесе следнава одлука:
-Награда за режија се доделува на режисерот Ќендрим Ријани за претставата “Артуро Уи” во изведба на Н.У. НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА.
-Награда за Женска епизодна улога се доделува на Викторија Степановска за улогите во претставата “Артуро Уи” во изведба на Н.У. НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА.
-Награда за епизодна машка улога “Димче Трајковски” се доделува на Никола Пројчевски за улогите во претставата “Артуро Уи” во изведба на Н.У. НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА.
-Награда за костимографија се доделува на Благој Мицевски за костимите во претставата “Артуро Уи” во изведба на Н.У. НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА.
-Награда за музика се доделува на Тимор Доми во претставата “Артуро Уи” во изведба на НУ НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА.
Error: Contact form not found.