Од почетокот на сезоната 2022/23 ракометарите Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски се приклучени кон тимот на Еурофарм Пелистер по две успешни сезони во Еурофарм Пелистер 2. Во овој период тие ги исполнија сите цели, двапати играа плеј-оф, еднаш завршен турнир на Купот на Македонија, изборија место во ЕХФ Лига Европа, а стигнаа и до репрезентативниот дрес. Ракометарите Емилијан Ѓорговски и Павле Петровиќ ќе го минат подготвителниот период со Еурофарм Пелистер во Битола и Маврово.

цветан павле

Инаку ракометарите на Еурофарм Пелистер утрово со редовните тестови и попладнево со првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ја почнаа новата сезона 2022/23. На стартот Ларс Валтер и неговиот стручен штаб работеа со осумнаесет ракометари, а Усама Хосни (настапи на Купот на Африка) ќе се приклучи в понеделник на втората фаза на подготовки во Маврово.

Повикани ракометари за подготвителниот период:

Голмани:
Урбан Лесјак
Марко Кизиќ
Бобан Ристевски

Леви крила:
Цветан Кузманоски
Гоце Ојлески
Бојан Маџовски

Леви бекови:
Руди Сери
Дејан Кукуловски
Емилијан Ѓорговски

Средни бекови:
Вилсон Дејвис
Павле Атанасијевиќ
Марио Танкоски

viber image 2022 07 20 17 02 59 973

Десни бекови:
Усама Хосни (ќе се приклучи на подготовките во Маврово заради обврски кон националната репрезентација)
Павле Петровиќ
Мартин Велковски

Десни крила:
Мирко Радовиќ
Ненад Костески

Кружни напаѓачи:
Жарко Пешевски
Денис Васиљев

Дефанзивец:
Милорад Кукоски

viber image 2022 07 20 17 02 13 331

Стручен штаб:
Тренер: Ларс Валтер
Асистент тренер: Божидар Мојсов
Тренер на голмани: Ице Соколески
Кондиционен тренер: Александар Марковски
Физиотерапевти: Филип Милевски и Христијан Стојановски

viber image 2022 07 20 17 02 57 347

План на подготовки за јули и август:
20 јули – почеток на подготовки во Битола
25 јули – 2 август – централна фаза на подготовки во Маврово

Контролен натпревар: Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2

16-20 август – Струшки ракометен турнир 2022
25 август – СЕХА лига (четвртфинале) – Еурофарм Пелистер – Мешков Брест
28 август – Суперкуп на Македонија – Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер

Зошто сме постојано уморни и кога ништо не правиме
Никогаш немаме работено повеќе – а никогаш не сме биле поуморни. Деновите …
Македонското вино и храна – Совршена симфонија на вкусовите
Виното секогаш ја следи храната, со својата разновидност на вкусови, ароми и …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…