Со површина од 1500 метри квадратни и капацитет за сместување од 60 лица, денеска официјално беше пуштена во употреба Приватната установа за социјална заштита на стари лица „Дом Софија“ во Битола. Сопственичката на објектот, познатата режисерка Софија Ристевска, пред присутните ја раскажа приказната како дојде до идејата за отворање на оваа установа. Тоа беше на иницијатива на нејзиниот татко, а со оглед на тоа што родителите на Софија и нејзината сестра се психијатри, идејата да се грижат и да им помогнат на незгрижените, старите, оние кои се на маргините секогаш им била блиска.

DSC 7356

-Идејата на овој старски дом е дека луѓето нема само да ги згрижуваме внатре, туку ќе им даваме надеж за живот, третото доба не секогаш е доба во кое што секогаш умираат или барем тоа не е нашата филозофија. Сите заслужуваме парче радост во овој живот. Идејата е дека сите кои ќе бидат наши штитеници ќе бидат медицински опслужени, ќе имаме надзор, но важно е и дека ќе имаат и активен социјален живот. Поточно оваа институција ќе дава право на активно стареење, значи луѓето да не доаѓаат само да ја дочекаат својата смрт тука, туку да живеат и да го изживеат тоа трето доба достоинствено, изјави Софија Ристевска, сопственичка на „Дом Софија“.

DSC 6880

Отворањето на установата беше проследено и со осветување од страна на Владиката Петар.

Црвената лента ја секоа заедно со градоначалникот на Битола.

Коњановски им честиташе на сопствениците за иницијативата и заложбата за реализација на идејата, што денес резултира со успех и создавање нов капацитет со европски стандарди за грижа на старите лица.

DSC 6508

-Верувам дека со високите стандарди кои ги исполнува објектот, корисниците на оваа установа ќе имаат можност за удобно сместување, квалитетна услуга, но и исполнети денови. Со воведувањето и на други социјални услуги, како: дневен центар за активно стареење, семејно советувалиште и сервис за помош и нега во домот, бенефитите ќе може да ги почувствуваат многу граѓани од Битола, а сигурно и од регионот. Оваа инвестиција, покрај што е особено важна за подобрување на социјалната заштита и здравствената нега на повозрасните сограѓани, истата има и позитивно економско влијание во општината, преку отворањето на нови можности за вработување. Се надевам дека, овој и други успешни примери, ќе го следат и други инвеститори, кои ќе градат и развиваат нови капацитети и бизнис идеи во нашиот град, а Битола во периодот кој претстои ќе продолжи да се развива како економски привлечна дестинација. Како локална самоуправа, подготвени сме за соработка и поддршка на сите инвеститори, во согласност со нашите законски надлежности и можности, рече Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

DSC 6604

Ова не е само обичен старски дом каде луѓето ќе бидат згрижени кога им е најтешко, туку ова е место каде ќе можат да го користат и уживаат многу наши сограѓани, истакна проф.д-р Гордана Ристевска Димитровска, директор на „Дом Софија“.

-Во овој објект освен што ќе имаме лица кои ќе живеат во нашиот дом, исто така ќе има можност да доаѓаат пензионери, повозрасни лица и сите љубители на определени клубови кои тука ќе се развијат. На почеток отвораме дневен центар за активно страеење во рамките на кој ќе имаме две групи – една група на лица со деменција кои живеат во своите домови, но живеат во изолација. Тие ќе можат да доаѓаат секојдневно и да добиваат социјално-психолошки активности за да ги подобрат своите когнитивни и моторни способности, а исто така втората група во попладневните часови во дневниот центар на пациенти кои боледуваат од потешки психијатриски растројства во хроничен тек ќе добијат психо-социјална услуга. Во текот на попладневните часови планираме да направиме интересен живот за пензионерите, клуб за шах, бељот, читање книги кои ќе ги активираат нашите сограѓани, кои живеат сами изолирани и сакаат да се дружат. Ќе отвориме и сервис за нега во домот за да може да испратиме квалификуван медицински и немедицински персонал за да им ги задоволат одредени потреби, ќе се направи социјална и медицинска оценка за тоа што им треба, за да може корисниците да ја имаат довербата во оној кој доаѓа дека е квалификува и дека е способен за тоа. Функционира и советувалиштето „Одраз“ во кое можат да добијат услуга лица од ранливи категории, а понатаму уште повеќе ќе ги развиваме овие услуги, истакна Ристевска Димитровска.

DSC 7063

Тетка Ратка која 50 години живеела во Канада, е една од корисниците која пред присутните ја изрази својата благодарност и задоволство од третманот кој што го добива во оваа установа, велејќи дека се погодила кај добри луѓе кои многу и помагаат.

DSC 6808

Објектот зафаќа површина од 1500 метри квадратни, со капацитет за згрижување на 60 корисници. Со отпочнувањето со работа, ПУСЗ „Дом Софија“ вработува 16 лица, а при полн капацитет ќе вработува 30 лица. Интерес за сместување има од целиот Пелагониски регион, како и од Охрид, Струга и Кичево.

DSC 7198
DSC 7314
DSC 7309
DSC 7425 scaled
DSC 7329

    Водокрст, денот пред Богојавление
    На 18. јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос …
    Значење на Богојавленската вода
    Богојавленската вода е значајна потврда на православната вера.Богојавленската вода со години останува …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…