Во сабота, 23 јули, во Офицерскиот дом со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт на Драган Најдоски (тенор) и Горан Србиновски (пијано). На програмата ќе се најдат дела од Р. Штраус, Х. Волф, Ф. Шуберт, К. Милокер, Ж. Бизе, Џ. Верди, Е. Лало, Ф. Лехар, Г. Доницети. По тој повод поразговаравме со овие двајца млади музички уметници.

Читај бе: Најнапред кажете ни нешто за себе, колку години имате, образованието…

Горан: Имам 24 години, завршив средно музичко во Битола на теоретски отсек каде што изучував пијано и контрабас. Во трета година одлучив сериозно да му се посветам на пијаното и во тоа ми помогна професорка Стела Пецаковска, а за брзо почнав и со часови кај професорка Милица Шкариќ. Две години подоцна, кај неа запишав отсек пијано со модул камерна музика на Музичката Академија во Штип. Во текот на студирањето учествував на мастеркласови и семинари кај професорите кои гостуваа на Музичката академија (како Winfried Hackl, Анте Милиќ и други). Инаку, во средно настапував на натпревари во Скопје. Додека студирав настапував на концерти во Штип и околни градови кои што беа поврзани со факултетот. Моментално работам како професор по пијано во Државното музичко училиште во Битола, каде што предавам на деца од основно училиште.

Горан србиновски

Драган: Роден сум 1997 во Прилеп, завршив средно музичко училиште во Битола. Образованието го продолжив во Букурешт на конзерваториумот за музичка уметност каде дипломирав во 2020 година. Учествував на повеќе мастеркласови на светски познати артисти во светот на операта од кои : Nelly Miricioiu, Eleonora Pacetti, Lucas Meachem. Сум имал концерти во Операта во Букурешт, филхармонија George Enescu, филхармонија Paul Constantinescu, Sala Radio, и учество на народни и меѓународни натпревари по соло пеење, соработка со повеќе хорови од кои : Corul Național de Cameră Madrigal-Marin Constantin, Corul Filarmonicii George Enescu, Corul Regal… Моментално сум член на хорот кој е културен амбасадор на Романија Corul Național de Cameră Madrigal-Marin Constantin.

294655149 547540847157205 8037897469563252611 n
драган најдоски

Читај бе: Горан, од кога свириш на пијано, кога се разви љубовта кон музиката?

Горан: Со музика почнав да се занимавам од својата 10-та година. Предходно мојот постар брат почна да свири гитара и јас ја засакав музиката под негово влијаније. Пред да запишам средно не бев сигурен во кој правец да одам, но моето семејство ми пружи голема подршка да го поддржат чувството кое што ме влечеше кон музиката.

Читај бе: Драган – како се појави љубовта кон оперското пеење?

Драган: Љубовта кон оперското пеење се појави уште како дете, бев многу мал и го слушав Лучиано Павароти и ја пеев познатата канцонета О соле мио. Тоа беше мојата прва изведба пред моето семејство (како што се сеќаваат моите) и после тоа ме запишаа во музичкото во Прилеп каде што прв ментор и професор ми беше проф. Леонарда Богданоска Гиноска.

294112421 388826029985680 4345700497574913487 n

Читај бе: Кажете ни нешто за концертот кој ќе го одржите во сабота на 23 јули…

Горан: Ова ни е прв заеднички концерт. Пријатели и колеги сме долги години, а идејата за ваков проект ја имаме веќе долг период, уште од кога свиревме заедно во слободно време на училиште. До сега во организацијата не спречуваше оддалеченоста и факултетските обврски, но сега, долгогодишната идеја дојде до реализација. Овој концерт ја дели истата програма со концертот кој што ќе го одржиме на 21.јули во Прилеп и идејата ни е овие концерти да бидат прв чекор во долгогодишната соработка.

1

Читај бе: Што ќе можеме да слушнеме на концертот?

Горан: Програмата е составена од композиции од романтичарски период кој што ни е на двајцата драг за изведување. Во настапот ќе ни се придружи со две композиции од ист период и Јована Ќириќ (на пијано) како гостин на концертот.
Драган: Концертната програма опфаќа романтизам, 20 век, одбрав според мене интересни дела, се надевам дека ке им се допадне на публиката.

Читај бе: Кој е вашиот најомилен композитор?  Што е она што најчесто го свириш/пееш?

Горан: Омилен композитор немам, наоѓам убавина во творештво на композитори од сите епохи и стилови и се трудам да си го проширам разбирањето на музиката низ внимателна работа на разнолики дела.

Драган: Немам омилен композитор – имам епоха, романтизам. Најчесто пеам романтични композиции, поп музика.

    meblo trejd cesmi
    Секој пат кога некој ќе ве повреди, прашајте го дали му е полесно
    Секој пат кога некој ќе ве повреди, прашајте го дали сега му …
    Не ја судете книгата по корицата – во човечката библиотека во Данска можете да позајмите личност наместо книга
    Човечката библиотека, основана пред дваесетина години во Данска, им овозможува на луѓето …

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

    Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

    Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

    15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

    Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

    Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

    Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

    Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…