maja za butin

Пишува: Маја Богоевска

Како добриот и кроток човек станува лош? Кога во еден момент ќе се избере себеси и ќе се стави на прво место.

Кога ќе реши да стави крај на манипулациите, остварувањето на туѓите желби, толерирањето на разноразни каприци…

Кога ќе одлучи повеќе да не премолчува, да глуми дека сѐ е во ред и дека го прифаќа она што му се наметнува.

Кога ќе сфати дека тоа „пријателство“ е еднонасочно. Во моментот кога ќе сфати дека додека тој со цела душа помагал и давал совети, споделувал сѐ што знаел, а кога тој ќе сака да побара нешто – или е игнориран или потиснат.

Кога ќе одлучи дека повеќе не сака да ги слуша оние кои имаат време сѐ да му кажат, но немаат време, интерес и трпение да го слушнат.

Реално, ние не ги губиме пријателите, едноставно, со текот на времето гледаме кои ни се вистинските.

Нека не ве чуди ако големиот круг на пријатели кој некогаш сте го имале, сега се претворил во една мала точка.

Затоа што таа точка, иако мала, ве прави да се чувствувате среќно, комфорно, сигурно, неманипулирано.

Во таа мала точка, нема лажни и наметнати насмевки. Само искрени насмевки кои ја лечат душата. Во таа мала точка може да го откриете своето ЈАС без да бидете осудувани.

Затоа, не се трудете повеќе со луѓе кои не ни помислуваат да го поместат дури ни малото прсте за вас. Со луѓе кои не знаат да речат „Тука сум”.

Животот е составен од илјадници мали чуда. Сѐ што треба да направите е да ги препознаете. А нив ќе ги препознаете само ако не сте опколени со токсични луѓе кои ви ја земаат енергијата и ве тераат да го живеете нивниот живот.

Човекот е социјално суштество , но со технолошкиот бум на социјалните мрежи сите станаа хиперсоцијални. Премногу информации, премногу интеракции, секој сака да го направи она што го прави другиот, идолизирање на неморални личности, копирање, натпреварување, завидливост, зајадливост…

Каде е тука животот? Вашиот живот? Каде е Вашиот мир? Можете ли да се слушнете себеси во тишина, да си ги слушнете сопствените мисли или махинално го правите она што го налага „социјалното општество” преку оние кои живеат само во виртуелниот свет?

Да се разбереме. Тие не се ваши пријатели. Туку познаници.

Пријатели се оние со кои се смеете дури стомакот не ве здоболи. Пријатели се оние кои ви се пријатни дури и во тишина. Со вистинските пријатели не мора да се слушате и гледате секој ден. И да се видите после три месеци, си продолжувате онаму каде што си застанавте. Вистинските пријатели немаат потреба од секојдневни празни муабети и озборувања. И од отровни и саркастични коментари.

Оваа година изберете се најнапред себеси. Ставете се на пиедестал. Дури тогаш ќе знаете која е вашата мала среќна точка на пријатели.

Направете разлика меѓу луѓето кои ве сакаат ВАС, оние кои само сакаат да бидат околу вас и оние кои го сакаат она што го правите за нив.

Запомнете, секој кој е околу вас не е ваш пријател. Луѓето имаат неверојатна способност да глумат пријатели. Но, тешките животни ситуации ги откриваат овие лажни пријатели. Треба само да бидете свесни во тој момент за да ги препознаете и да не се залажувате повеќе.

Вие не сте ничија резерва. Затоа, изберете ги оние кои ве избираат вас.

Доверба: Бесценет подарок кој често се зема здраво за готово
Довербата е една од највредните основи на секоја врска, било да е …
Антибиотската резистенција: Тивката пандемија што чука на нашата врата
Пишува: Стефанија Шаркоски, инженер по медицинско лабораториска дијагностика Во сенката на глобалните …
meblo trejd cestitka

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…