Во селото Цапари свечено беше отворена 19. меѓународна колонија Де Ниро. Меѓународно признати, домашни уметници како и многу пријатели на колонијата присуствуваа на официјализирањето на почетокот на колонијата и наздравија за успешен почеток и плодна работа.
Колонијата оваа година ќе работи до 28 06. 2023 (среда ) кога ќе биде и официјално затворена со посета на Арт-Поинт Гумно збратимената колонија во село Слоештица – Демир Хисар.
Ве периодот на траење на колонијата од 20. 06. – 28. 06. 2023 година планирани се неколку работни денови, но и доста настани и посети како онаа на античкиот локалитет Хераклеа Линкестис и посета на неколку музеи во Кавадарци и винаријата Бовин.
Првиот официјален ден помина во знакот на потпишување на уште еден меморандум на соработка и тоа со Македонски фестивал за алтернативна фотографија Зрно кои пак од своја страна потпишувањето го залија со шише пенливо шпанско вино.
Всушност колонијата започна на 20. 06 2023 година со пристигнувањето на гостите, а веќе следниот ден на повидок беше и првата активност. Имено на покана на Меѓународната ликовна колонија Де Ниро а во соработка со Н.У. Завод и Музеј Битола беше организирана инклузивна работилница во која твореа деца од Битола под мотото ,,Ние во музеј и природа” каде уживаа и научија многу тајни за сликањето пејсажи, садови, стари објекти, ликови.
“Од денес малите “уметници” добија нови пријатели – вистински уметници. Децата знаат да препознаат личности и простори кои зрачат со убава енергија и да почувствуваат дека се добродојдени”- рече координаторот на овој проект Ирена Ружин.
Како и секоја година работата на колонијата ќе ја следи и координира Уметничкиот совет кој оваа година е во состав Панде Петровски, Мирослав Масин, Драган Анѓелковиќ, Владо Ѓорески, Стефан Малбашиќ и Кети Бакревска Талевска.