353361373 736306945164696 967177024126782749 n

ЦЕРИ од Битола започна со реализацијата на проектот ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА, финансиски поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.

ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА е едукативно-творечки проект кој ќе овозможи пренесување на искуства и размена на идеи помеѓу истакнати и заслужни македонски фотографи и млади фотографи од пелагонискиот регион на почетокот на својата кариера.

353376132 651363129834498 2159601067348044255 n

Активностите на преоктот ќе се реализираат во период од 3 месеци, а финален продукт на проектот ќе биде изложбата ФОТО КОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2023 составена од фотографии и мултимедијални елементи преку кои ќе се презентираат културните богатства на пелагонискиот регион.

355429002 1920956124942483 3183968746472312719 n

На првиот ден од колонијата своето искуство со 20-тината учесници во колонијата го сподели проф. Роберт Јанкулоски кој пренесе дел од своите искуства и совети како да се подобри квалитетот на фотографиите, и што е она што треба да се направи за фотографиите кои се создаваат да добијат на значење.

Вториот ден на колонијата се реализира под менторство на Далибор Митковски кој на учесниците на колонијата ќе им пренесе искуства за тоа како да ги подобрат своите портретни фотографии и како да се справат со предизвиците на фотографирање на настани кои се одвивваат во живо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…