Ѓорѓи Чулаковски – Ѓото (1947-2019) е еден од најпознатите македонски графичари, со нов уметнички дух, кој со својата виртуозност и техничка перфекција која ја пренесуваше на младите генерации преку педагошката дејност, успеваше да ја збогати комплексната слика на уметноста на нашето време. Авторот уметник секогаш е во комуникација со својата публика, секогаш поттикнува и инспирира. Овој проект ја потенцира вечноста на уметникот и неговата врска со оние кои ќе се најдат „очи во очи“ со неговите дела. Овој пат тоа се делата на графичарот Чулаковски –Ѓото. Од денешната панел дискусија и дебата, средбата на директорката на ЈОУ КИЦ – Битола, д-р Лили Бошевска која најави творечка работилница со млади поети од Битолскиот книжевен круг и пошироко кои инспирирани токму од ликовното творештво на уметникот ќе создаваат поетско творештво во периодов кој следува, кое ќе биде соодветно објавено и промовирано во КИЦ – Битола.
Author
Tags
Share article
The post has been shared by 0
people.