woman 3711719 1280

Не сме уморни од животот, уморни сме од разочарување, повреди и предавство од другите, уморни сме од нечовечко однесување. Уморни сме од самосожалување во кое се гледаме само како жртви на околностите и други луѓе без никаква можност самите да смениме нешто.

Уморни сме од постојаните стравови дека ќе паднеме, ќе изгубиме, ќе бидеме изманипулирани, напуштени и на крајот гледаме дека сме само заглавени во некој ќорсокак без можност да видиме подобро утре.

Не сме уморни од животот, уморни сме да се враќаме назад, постојано да гледаме во минатото, да бараме златни времиња во него и да паметиме подобри денови кои никогаш повеќе нема да се повторат. Уморни сме од чувството дека секогаш ни недостасува нешто за да бидеме комплетни, среќни и силни.

Уморни сме од зборовите што ги кажавме и сфативме дека не ни донесоа ништо добро, уморни сме да очекуваме дека утре животот ќе биде подобар и се ќе продолжи во истиот тек.

Не сме уморни од животот, уморни сме да им докажуваме на другите дека сме во право, да ги докажуваме нашите идеи, соништа, религиозни убедувања. Уморни сме да се чувствуваме помалку вредни, од грижи, од страв, постојано да ги повторуваме истите грешки без да научиме ништо од нив. Не ни е доста од животот, желни сме за живот, желни сме за тие убави чувства, желни сме за внимание, нежност, убави зборови, желни некој да каже дека нè сака и да ни возврати на љубовта.

Но, ние живеевме премногу во сенка, во таа темна страна, што мислевме дека ова е единствениот живот и дека нема друга можност. Сакаме да се потпреме на нечие рамо, да слушаме нечиј глас и да слушаме нечие срце, тоа е единственото нешто за кое вреди да се живее. Сакаме, не ни е доста од тоа!

Марио Жувела

Ако светот го водеше жена немаше да има солзи
Пишува: Сара Танаскоска Низ историјата женското тело поминало низ многу фази на …
Осаменост меѓу луѓе – тишината што најмногу боли
„Осаменоста не потекнува од немањето на луѓе околу вас. Осаменоста се случува …
Водовод Битола

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…