На Mузика па Олабај и На Театар па Олабај се креативни пакети кои ги надополнаа и промовираа програмите на Меѓународниот младински арт фестивал Битола отворен град и Битола Шекспир Фестивал, обезбедувајќи дополнителна програма што ги анимира и задржува гостите и посетителите во локалната заедница, ги поврзува со истата и ја мотивира да ја конзумира фестивалската програма.

olabaj 6

Уметничката работилница: „Треба да ги затвориш очите – инаку нема да видиш ништо.“, „АrtHunt“, музичките концертни надополнувања со „Ние запирка другарите“ и „Funk’d Up „Ништо ново под сонцето“ и „Празната чинија одекнува најгласно“ беа дел од На Mузика па Олабај и На Театар па Олабај.

olabaj 7

Овие два пакети одекнаа со пулсот на слободата за експеримент, наметнувајќи се како надополнување на културните пулсирања во градот. Нашите програми се поврзаа со гостите, со публиката и со потенцијалната публика, претставувајќи програмски гласници и  аниматори, пред, за време и после фестивалските програми.

olabaj

„Олабај“ е програма која ќе се реалзира во текот на целата година и ќе биде дел од останатите меѓународни фестивали во Битола.

olabaj 3

Проектот го реализира Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола со поддршка на Министерство за култура.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…