parking kino

Нова атракција за битолчани! На 7-ми јули се отвора првото и единствено ПАРКИНГ КИНО во Битола. Cinemac, институтот за филм и кино култура од Битола, стои како иницијатор и организатор на овој проект. Паркингот на ул. Тодор Скаловски бр. 8 (во Касарната) е местото каде сите заинтересирани ќе имаат можност да уживаат во филмови од најразлични жанрови.

347418710 114191045058978 3865047381508840685 n

ПАРКИНГ КИНО БИТОЛА (Кино на отворено со возила) ќе биде со програма за 4 вечери неделно во период од 3 месеци, со два капацитети за седење, партерно за индивидуално седење до 150 гледачи и во/ на 84 паркирани возила.

Планирани се две филмски проекции од вечер, со репертоар од ретроспективна детска програма наменета за широката публика со почеток во 20 часот и ретроспективна програма од светска, европска, балканска и македонска продукција наменета за возрасната публика со почеток од 21:30. Овој проект е непрофитен, секоја продажба на влезници (просечна вредност 130 денари), концесиска продажба на храна и пијалаци по малопродажни цени, спонзорства и донации се исклучиво за покривање на оперативните трошоци и програмата.
ЛОКАЦИЈА.

Месецот ќе започне со неодоллива летна магија за која сите сме возбудени.
КАЈМАК (2022), најновиот филм на Милчо Манчевски е првиот филм на репертоарот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…