Mostenki nas

Дали знаете каде се наоѓаат македонските села Бач, Гермијан, Живојно и Совиќ?

Во овој ареал се наоѓа највкусното македонско овчо сирење и најблагиот бостан (лубеница и диња), а и тутунарството е на завидно ниво.

Овие четири села се наоѓаат долж границата меѓу Македонија и Грција од страна на граничниот премин Меџитлија.

Зошто се значајни?

Поради нивната ендемичност: дијалект, во даден историски момент –ношната (носијата), начинот на живот, обредните обичаи – во сите пишани документи  тамошното население се нарекуваат  моштени, што во контекст на старословенскиот јазик значи некој којшто отсекогаш бил тука. Има 35 моштенски села, 4 на територијата на Македонија, а останатите со територијалната поделба ѝ припаднале на Грција.

Овој предел има мистични особености за кои се сведоци бројните археолошки ископини од антички, па ранохристијански период, ако се земе предвид дека се говори за Леринско поле, византиското влијание, пркосот кон отоманската власт и сите пропаганди кои немилосрдно се обидувале да го скршат моштенскиот дух, чиј симбол е вртисонцето или сончогледот, растение кое успева во овој крај и е со особен квалитет, а сите знаеме дека Македонија е земја на сонцето, оттаму моштените каде и да се расеани по светот се сметаат за чувари на кодот.

viber image 2023 07 04 08 16 20 562

Женската народна носија е една од најубаво украсените носии, важела за лесна и отмена.  Има еден наратив кој се пренесува за тоа како настанало името на селото Живојно: моштенките биле исклучително вредни жени, постојано работеле по полето, во домаќинствата, поради тешката физичка  работа не можеле да ги доносат своите рожби, па така првото дете што се родило во Живојно било машко и го крстиле Живот (Живко), ова е често машко име во овој предел. Луѓето кои потекнуваат од овој  регион се и физички и ментално силни и се поклоници на соборот, односно збирното делување, поради честите угнетување се држеле заедно, па така е создаден еден фолклористички моментум кој не прекинува да го оживува минатото.

Историчарот Филип Јаковлевски направи ревија на женски моштенски носии во КИЦ-Битола, во соработка со КУД „Илинден“ . Она што е особено да се знае во овој поглед е тоа што од средината на XIX до средината на XX век, женската носија врз основа на горната облека се класифицира во три типови: стар тип (со ќурдија), нов тип (со антерија) и најнов тип (со фустани). При организирање на собори, оркестарот свири претежно на лимени инструменти (кларинет, труба, тромбон, тапан со сан и барабанче, така што ни одблиску не наликува на долноселието, односно на Мариовскиот предел.  Во минатотото Моштенци и Мариовци, воопшто не се мешале, освен ако машките не прифателе да бидат домазети во моштенските села, бидејќи рубата им била иста, а женска видно се разликува.

Во моштенскиот крај се пејат претежно љубовни, обредни и родољубиви песни.

Ревијата „Моштенки“ е одлична мотивација  за младите етнолози и историчари за да се открие сето она што било дискретно прикривано  низ минатото, ако се има предвид дека носијата била рачно изработувана, шиена, везена, плетена и одржувана, дополнително секој вез има свое значење – Македонија. Овие четири села, Совиќ е целосно иселено, другите три кубурат со жители, во училиштата се одржува настава на македонски јазик. За разлика од минатото денес има и електрична енергија до секој дом и вода, има селски продавници, па да се надеваме дека повторно ќе заблескаат во некогашниот сјај. За крај мора да се напомене дека од моштенскиот крај има раселен народ на сите континенти, интелектуалци, функционери, воени лица со посебни државни заслуги и академци, носители на факултетски катедри.

meblo trejd alati
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…