olab

На музика па Олабај!

На театар па Олабај!

…Се креативните пакети кои ги надополнуваат и промовираат програмите на меѓународните фестивали во Битола, обезбедувајќи дополнителна програма што ќе ги анимира и задржи гостите и посетителите во локалната заедница, ќе ги поврзе со истата и ќе ја мотивира да ја конзумира фестивалската уметност. Во оваа слика воспоставуваме двострана нераскинлива врска помеѓу меѓународните фестивали во Битола и жителите во локалната заедница. „Олабај“ создава простори исполнети со содржини кои се резултат на нашата заложба да создаваме заедници кои поттикнуваат синергија помеѓу различните, помеѓу раздвоените по возраст, род, пол, област на интерес…

Ова „олабаено“ доживување започнa на 22 јуни со програмата „На музика па Олабај“ која е креирана за Меѓународниот младински арт фестивал „Битола отворен град“ и продолжува со програмата „На театар па Олабај“ која е креирана за „Битола Шекспир Фестивал“.

Дел од овие програми се Уметничката работилница: „Треба да ги затвориш очите – инаку нема да видиш ништо.“, „АrtHunt“ – Современи уметничи интервенции, „Ништо ново под сонцето“ и „Празната чинија одекнува најгласно“ – музички концертни надополнувања и џем сешн.

Овие два пакети одекнуваат со пулсот на слободата за експеримент, наметнувајќи се како нужно надополнување на културните пулсирања во градот.

Оваа програма ги балансира уметничките елементи кои имаат смисла и оние кои немаат, со ефектот на противречност, двосмисленост наспроти логиката и разумот.

„Олабај“ е програма која ќе се реалзира во текот на целата година.

Проектот го реализира Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола со поддршка на Министерство за култура.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…