По повод 5-ти Декември – Меѓународниот ден на волонтерите, Младински културен центар – Битола во склоп на проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ организираше јавна дискусија со наслов „Волонтирање на фестивали vs. волонтирање во заедницата“.

mkc bitola 11

Целта на дискусијата беше да се разговара за предизвиците и трендот на младите да волонтираат на фестивали и да се дискутираат различните методи и алатки кои можат да ги мотивираат младите како да се активираат во волонтирање во заедницата. На дискусијата беа презентирани искуствата на граѓанските организации, општина Битола, јавни институции и волонтери за ангажман на волонтери во своето работење. Беше истакната заложбата за унапредување на системот за квалитетен волонтерски менаџмент во организациите како основа за подолгорочен ангажман на волонтерите и нивно задржување за волонтирање во заедницата.

mkc bitola 8

Волонтирањето на фестивалите е одлична почетна точка за активирање на младите како волонтери, но предизвикот останува како да се одржи таа нивна волонтерска енергија за континуирани волонтерски активности во локалната заедница во текот на целата година.

mkc bitola 9

На настанот се се додели и националната награда „Златен сертификат за волонтерство во 2022 година“ што од 2006 година, традиционално ја доделува Младински културен центар – Битола.

Златен сертификат за волонтерство 2022 за Димче Каневче – активист, хуманитерец и волонтер од Охрид.

mkc bitola 6

Димче е медиум за инспирација и поврзување. Димче од локална охридска приказна последниве неколку години прерасна во национален медиум кој придонесува за заедницата која е сè поширока секој ден. Поддржува институции за стари лица и за деца, поддржува семејства и поединци, подава рака секаде каде што е потребно, а за каузата обединува бизниси и поединци од цела држава и надвор од неа. Димче има иницирано и поддржано многу донации и акции за донирање на училишен прибор, облека, обувки, очила, организација на тематски детски родендени, илјадници дневни оброци, постелнини, компјутери, телеизори. Негова карактеристика се добротворните журки кои ги организра и со кои придонесува за видливо подобрување на условите за функционирање онаму каде што е најпотребно.

Златен сертификат за волонтерство 2022 се доделува за волонтерската акција „Крошу шума“ на Кромберг и Шуберт.

mkc bitola 12

Кромберг и Шуберт е компанија која во ноември 2022 година ја реализира волонтерската акција Крошу шума! 5300 вработени – 5300 садници! 5300 садници се посадија во областа Бел Камен – Крклино каде вработените во фабриката во соработка со Македонски шуми посадија мешовити садници од црн бор и даб за подобар квалитет на воздухот и спречување на ерозијата на земјиштето. Компанијата е одличен пример за корпоративно волонтирање и ангажман на вработените за подобрување на условите за живот во локалната заедница.

mkc bitola 9

Главната цел на проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ е зајакнување на граѓанското учество и учеството на младите во развојот на локалната заедница преку волонтерство.  Формирањето на Локалниот волонтерски сервис Битола претставува логичен чекор напред во градењето и унапредувањето на постоечките иницијативи и практики во Битола од областа на волонтерството коишто во најголем дел се одвоени, независни и без координација.

mkc bitola 5

Очекувани резултати од проектот се формиран (воспоставен) функционален локален волонтерски сервис во Битола, идентификувани 5 локални проблеми и преземени 5 волонтерски акции за подобрување на условите за живот во Битола, инспирирани и вклучени 200 млади во волонтерски активности.

Преку овие активности и планираната кампања за промоција на волонтирањето се очекува да се оствари промена во генералниот однос и перцепциите на младите во однос на волонтирањето, зајакнување на нивното знаење за придобивки од волонтирањето, а со тоа да се зајакне и учеството на младите во развојот на локалната заедница.

За најтешките моменти во животот…
Еден ангел му се обратил на човекот: – Сакаш да ти го …
Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…