Над 100 ученици на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола го прославија првото полугодие за учебната 2022/2023 година за кое на 5 светски детски ликовни колонии и 10 светски детски ликовни конкурси и изложби освоени се над 150 награди.

мбм 10

„Традиционално веќе 55 години секоја втората недела од декември во календарската година ги доделуваме наградите кои учениците, а со тоа и ДЛС ги освоило во текот на изминатото полугодие.

Ова воедно е и причина учениците кои веќе ги имаме над 120 за оваа учебна 2022/2023 година да се запознаат меѓусебно и да се дружат како поради обемот на работа истите својот ликовен талент го практикуваат во засебни школки класови, па и не се познаваат меѓусебно.

Она на што сум посебно горда е што во оваа за нас како ДЛС турбилентна година ние од 20 до 40 ученици на годишно ниво за школска година сега имаме над 120 што значи дека децата, а со тоа и родителите го препознаваат квалитетот и можностите кои членувањето во ДЛС ги нуди.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ Битола.

мбм

ДЛС по формирањето на Меѓународниот управен одбор за 42 издание на светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” веќе прима огромна цифра на пратки кои се поврзани со 41 издание на светската детска ликовна изложба и конкурс насловен како “Битола”.

мбм 3

„Нашите ученици сликаат. По малку е трагично што меѓународниот управен одбор кој го формиравме е оценет како откраднување на брендот од Битола и Македонија што апсолутно пак е комично како одредени новинари селективно ги читаат нашите изјави и соопштенија.

ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ Битола е и организатор и реализатор со дискреционо право да интервенира во одлуките. Тоа прво. Второ ние сме повеќе од половина година без регулиран статус кој Министерството за образование и наука на 55 годишна организација му го прекина без писмено образложение по 30 годишна соработка и поддршка.

Но ова се моменти на крај на 2022 година и лошите чичковци не ни се во фокусот.

Управниот одбор на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола донесе одлука по 10 години пауза за издавање на Новогодишна честитка на која ќе е претставено дело на учесник – учесник од 41 издание на МБМ 2022 чие име ќе е изненадување.

Воедно за Новата година на учениците во соработка со Агорица и Стефанос Тачмацидис кои имаат текстилна фабрика изработивме и работни униформи за секој ученик.

Впрочем мисијата и целите се едноставни. Нашите ученици и нивната радост и промоција на нивниот ликовен талент се пред и над се. Се друго е небитно.” – истакна Славчо Неделковски – претседател на Управниот одбор на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ Битола.

мбм 18

Новогодишната забава беше реалирана со средства од ДЛС а слатките задоволства беа донација од страна на родител на ученик на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ Битола.

    Со награди за најдобрите заврши јубилејниот „Мал битолски Монмартр“
    Успешно заврши јубилејното 45. издание на „Мал битолски Монмартр“, една од најзначајните …
    Кога зрачите со светлина, ги нервирате оние кои живеат во темнина
    „Зависта е илјада пати полоша од гладот, бидејќи тоа е духовна глад“ …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…