Преполна сала на Центарот за култура во Битола и музика која побудува љубов, силни емоции и позитивна енергија. Вака може да се опише солистичкиот концерт на еден од нашите најплодни и најуспешни композитори и музичари – Никола Мицевски.

Концертната промоција на новиот албум “New Era” ја започна токму од својот роден град Битола, а битолската публика на крајот на концертот го поздрави стоечки, со овации и долг аплауз.

Овој талентиран музичар со повеќе од 40 врвни македонски музичари и хористи од хорот Арс Нова на Марина Коруновска, направи музичка сензација претставувајќи го овој фантастичен албум, врв во неговата скоро 20-годишна кариера.

nikola 17

Никола Мицевски на публиката ѝ е познат по одличните соработки со најдобрите пејачи и бендови, како и во музички соработки во кои тој секогаш имал храброст да експериментира.

„Направив еден убав музички круг во последните години и New Era дојде како најубав продукт во кој го збогатив својот израз, додадов некои нови музички димензии, подигнав стандарди и секогаш нова силна позитивна енергија. Концертот е успешен по тоа како реагирала публиката и дали си заминува по неговото завршување со убави емоции. Јас знам дека успеав во двете нешта и тоа ме прави многу среќен. Благодарам Битола, од срце следно закажувам средба со скопската публика на голем концерт во Скопје во МОБ, така што ова е сјаен почеток”-истакна Никола Мицевски по концертот.

nikola 29

Идеите на Никола, за мешавина на македонските традиционални народни ритми и мелодиите со Западот, преточени преку модерните музички стилови на џез, фанк и музика од светот како посебен жанр, ги сака публиката. Со неговиот пристап кон македонската современа музика, која може слободно да парира на светските изданија од крајот на 20 и почетокот на новиот милениум, само потврдува дека е една поврзувачка карика на македонскиот со светскиот звук, токму заради таа фузија и внесување на новини во користењето на македонските и балканските мотиви на непосреден и искрен начин, надвор од клишеата кои се калемеле музички на овие простори.

nikola

Проектот “New Era” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти. едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика.

Фотограф: Диоген Хаџи-Коста Милевски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…