Врсничкото насилство или булингот е нешто за што сé повеќе се зборува последните години. На оваа тема поразговаравме со М-р Марија Младеновска – Димитровска, психолог, магистер на клиничка и советодавна психологија, која е и училишен психолог во СОУ „Таки Даскало“ Битола. Таа вели дека стручните служби имаат клучна улога за превенција на врсничкото насилство, оние кои мора на дневна основа да соработуваат со наставниците и навремено да превенираат и да интервенираат доколку се појави случај на врсничко насилство.

Младеновска – Димитровска вели дека најчесто доцна се реагира. Затоа пред сé треба навремено да се детектира и да се реагира доколку се забележи случај на врсничко насилство. Исто така, голем замав во последниот период зема и сајбер булингот.

316271190 471319625132245 8187174956149305819 n
meblo trejd cesmi во боја

Читај бе: Како училишен психолог во СОУ „Таки Даскало“ Битола, имате голем број предавања, не само во училиштето, но и надвор од него, на една од темите на која се чини дека треба да се обрне уште повеќе внимание – врсничкото насилство или познато и како булинг.

Марија: Токму така, во последно време доста застапена тема е токму насилството, односно врсничкото насилство или булингот. Иако се користат како синоними, сепак има разлика меѓу насилството и булингот. Според  дефиниција насилството е „намерно користење на физичка сила или моќ против себе или некое друго лице, или против некоја група кое води, или може да доведе до повреда, смрт, психолошка повреда, неразвиеност или депривација“, додека булингот опфаќа „систематско и долготрајно физичко или психолошко малтретирање и вознемирување од страна на едно или повеќе лица“. Значи за да речеме дека станува збор за булинг треба тоа насилство, било да станува збор за физичко, психолошко или сексуално насилство врз одредена личност, да трае извесен подолг временски период. За жал, во последно време сме сведоци на се поголема зачестеност на врсничкото насилство, односно булингот. Е, сега дали тоа се должи на поголема зачестеност на насилството меѓу младите или на поголемата свесност за насилството и негово полесно препознавање, сепак, за да се одговори стручно и издржано на тоа прашање треба да се направи истражување. Сé друго би било само лична субјективна процена. Како училишен психолог во СОУ „Таки Даскало“, редовно одржуваме предавања на оваа тема за учениците и не само во рамките на училиштето, туку и надвор од него, како и во рамки на други семинари, конференции, обуки и проекти на оваа тема.

316882122 439863431684958 7605212408681304916 n

Читај бе: Може ли да ни кажете што претставува врсничкото насилство?

Марија: Како што претходно кажав, има разлика меѓу насилството кое може да е спорадично, односно еднократен конфликт или инцидент и кое претставува намерно користење на сила или моќ кон одреден поединец или група за да се нанесе некоја повреда, или да станува збор за врсничко насилство, булинг, кое претставува облик на насилство или агресија која трае подолго време, односно систематски се повторува одреден временски период и може да биде насочено кон одредено лице, поединец, но и група на луѓе, со цел да се предизвика страв, понижување, дискредитација и омаловажување на жртвата и нејзино онеспособување. Значи, за да говориме за булинг, тоа насилство мора да трае извесен период, да се повторува и да е целинасочено кон одреден поединец или група.

317350633 481283793903534 6102359749690079351 n

Читај бе: Врз основа на она што го работите, колку е честа оваа појава во нашиот град?

Марија: Врсничкото насилство е прилично честа појава, не само во нашиот град, туку воопшто и во државата, и во светски рамки, особено меѓу школската популација, а особено е изразено меѓу средношколците односно адолесцентната популација. Но, од секојдневната практика не би рекла дека е нешто особено изразено сега. Како појава постоела отсекогаш, но во последно време сé повеќе се говори за оваа тема, и можеби заради тоа се стекнува впечаток во јавноста дека е особено изразена. Можеби во денешно време повеќе се говори за оваа тема во јавноста, преку медиумите, во училишата, па можеби и е зголемена свесноста за тоа што се претствува врсничкото насилство и полесно го препознаваме, особено психолошкото врсничко насилство. Но, од она што го гледаме во практиката можам да кажам дека во пораст е сајбер булингот, односно булингот кој се случува во сајбер, интернет просторот, односно тоа е врсничко насилство, малтретирање и вознемирување кое се случува преку разните социјални мрежи и групи за комуникација во сајбер просторот.

Читај бе: Еден од најголемите фактори за негово спречување е неговото препознавање. Дали наставниците и професорите треба дополнително да се едуцираат за да можат да го препознаат проблемот, но секако и соодветно да постапат?

Марија: Секако дека еден од најважните фактори за превенција е токму неговото навремено препознавање и едукацијата. Токму затоа, стручните служби во училиштата треба да ја имаат клучната улога за превенција на врсничкото насилство, а тоа ќе се постигне не само преку одржување на редовни предавања, работилници и обуки за наставниот кадар, учениците и родителите, туку и преку тесна и секојдневна соработка со наставниот кадар. Стручните служби се тие кои мора на дневна основа да соработуваат со наставниците и навремено да превенираат и да интервенираат доколку се појави случај на врсничко насилство.  Конректно, во училиштето во кое јас работам СОУ “Таки Даскало“ Битола, можам да кажам дека стручната служба која е добро екипирана со 4 психолози и еден педагог, редовно одржува предавања и работилници за насилството, но и на дневна основа соработува со класните раководители, наставниците и менаџерскиот тим за каква било појава на врсничко насилство и негово навремено превенирање, детектирање и надминување.

316488129 681562260015667 8762149065045214223 n

Читај бе: Што е со родителите? Какво е Вашето искуство, колку тие можат да препознаат кога нивното дете е жртва на врсничко насилство?

Марија: Од моето секојдневно искуство како психолог кој работи во пракса, можам да кажам дека имаме интензивна секојдневна соработка со родителите и секогаш кога родител забележал дека негово дете било жртва на насилство стручната служба била вклучена во тоа и секако класните раководители. Во моето училиште можам слободно да истакнам дека навистина е интензивна соработката со класните раководители, наставниците, родителите, менаџерскиот тим и учениците за детектирање и превенирање на сите форми на насилство. Нашите ученици уште  од прва година се информирани каде треба да се обратат и да ја добијат неопходната поддршка. Родителите преку средбите за советување на родителите со стручната служба и на родителските состаноци ги добиваат сите потребни информации како да препознаат дали нивното дете е жртва на врсничко насилство и каде да се обратат во случај доколку забележат дека има појава на врсничко насилство.

317783337 535278421562392 5780397167716029224 n

Читај бе: Дали често погрешно се реагира во вакви случаи? Што препорачувате Вие како психолог, како треба училиштето и родителите да реагираат?

Марија: Па, за жал, најчесто доцна се реагира, кога ситуацијата ќе ескалира или што е уште потрагично, кога јавноста ќе биде запозната со тоа, па се реагира под притисок на јавноста, што е доцна и штетата е веќе направена, а последиците по личноста жртва на булингот се големи.

Пред сé треба навремено да се детектира и да се реагира доколку се забележи случај на врсничко насилство. Воопшто не треба да се минимизираат последиците од врсничкото насилство, пред се психолошките последици и душевните трауми кои личноста која е жртва на насилство ги трпи, кои во некои случаи доколку навремено не се препознае, не се реагира и не се даде потребната психолошка поддршка можат да бидат и катастрофални по личноста, а во крајни случаи да завршат и со обиди за самоубиство, па и со самоубиства, како што имавме примери не така одамна и во нашата држава и во околните држави.

Доколку има појава на врсничко насилство, секој кој има какво било сознание треба да реагира, зашто често пати се случува жтртвите на насилство од разни причини како страв или срам да го кријат насилството кое го доживуваат. Токму затоа секој кој има какви било сознанија или забележи какви било знаци дека некој е жртва на насилство да ги информира родителите, стручните служби, наставниците, за навремено да се интервенира и да се даде неопходната психосоцијална поддршка.

Читај бе: Што е со децата кои се жртви на булинг, како треба со нив во иднина да се работи?

Марија: Децата кои биле жртва на булинг трпат многубројни, пред се психолошки последици. Токму затоа ним им е потребна психолошка помош и поддршка и треба да работат со психолог. Бидејќи жртвите на насилство најчесто го кријат насилството поради срам, страв, осуда од средината, потребно е најблиската средина да им ја даде неопходната поддршка, тука се пред се родителите кои доколку забележат какви било промени во однесувањето да интервенираат, блиските пријатели, наставниците, стручната служба.

Најголем дел од децата успешно ги совладуваат психолошките потешкотии од булингот, но има деца кои цел живот ги трпат последиците и траумите од булингот и дури и како возрасни личности им претставуваат пречка во сопствената реализација, и како возрасни личности имаат проблеми со самодовербата, самопочитта, со сликата за себе која ја имаат, па дури и да имаат посериозни психолошки проблеми. Затоа е неопходно да се работи на проблемот со насилството и навремено да се побара психолошка помош.

Читај бе: Што е она што Вие би советувале, што треба самите деца да направат за да ја спречат оваа појава? Дали жртвата треба да му се спротивстави на насилникот?

Марија: Пред се терба да се работи на подигнување на свесноста што се е булинг, затоа што голем број деца воопшто не се ни свесни дека се жртви на булинг, а ниту оние кои го прават насилството, или т.н. булери, не се секогаш свесни дека со некои свои постапки прават булинг. Потоа да се поттикнуваат децата да ги пријавуваат сите форми на насилство кое ги забележале било да им се слулило нив лично или на некој од нивното опкружување. Да развиваме систем на поддршка и во училиштата и во домот. Да ги охрабруваме децата да го пријавуваат насилството, да креираме средина на неосудување ниту на жртвите, ниту на насилниците, зашто и насилниците се, исто така, личности на кои им е потребна помош и поддршка. Да креираме систем на рано детектирање на насилството и рана интервенција, да градиме систем на партнерство меѓу учениците, наставниците, родителите и стручните служби. Да развиваме вештини за рана детекција на првите знаци кои укажуваат дека некој е жртва на врсничко насилство. Тие знаци се пред се: промена во однесувањето, отсуства од настава, повлеченост, промени во однесувањето, губење на интересот за секојдневните активности, нерасположение, тага, отсутност, осаменост, повлекување од пријателите, пад во постигањата на училиште, главоболки, стомачни потешкотии, проблеми со спиењето, несоници,  или прекумерно спиење, па во крајни случаи и суицидални мисли, обид за суицид или суицид.

Читај бе: Колку децата кои се предмет на булинг имаат помош и разбирање од околината?

Марија: Па тоа, сепак, зависи и од самата личност колку навремено побарала помош од средината, зависи и од сензитивноста на самата непосредна средина колку таа навремено ги детектирала знаците на булинг, колку навремено ја дала потребната помош. Многу често најблиските или средината не им обрнува внимание на првичните знаци на врсничко насилство и на психолошките последици кои жртвата ги трпи. Во некои случаи се случува доколку жртвата побарала помош и кажала дека е жртва на булинг, тоа да се занемарува, минимизира или да не се даде помош, да се реагира со осуда на самата жртва, да не се покаже разбирање и поддршка. Токму поради фактот дека жртвите на булинг тешко и ретко се охрабруваат сами да побараат помош од средината, потребно е средината да ги забележи тие првични знаци кои ги спомнав претходно и на нив соодветно да реагира, да се даде поддршка, разбирање, да не се осудува и стигматизира и да се упатат на психолог.

Читај бе: Што најчесто се случува со оние кои го вршат булингот?

Марија: Тие деца кои го вршат булингот, најчесто се изложени на осуда и се санкционираат било со воспитно-педагошки мерки, било со други санкции кои произлегуваат од законските регулативи за постапување со малолетничка деликвецнија и малолетничко претстапништво. Но, она што нас како психолози ни е поважно е дека треба психолошки да се работи и со булерите, односно со насилниците. И ним им е потребна психолошка помош и советување. Затоа што многу често насилниците имаат бројни психолошки проблеми, најчесто потекнуваат од дисфункционални семејства, од семејства во кои физичкото и психичкото насилство биле начин на дисциплинирање на детето, најчесто насилниците и самите биле претходно жртви на насилство било во семејството, било во средината. Често  пати и самите како жртви на насилство не успевале да се справат со насилникот, па подоцна тоа го манифестираат кон други лица кои ги избираат за жртви, кон кои можат да ја изразат својата акумулирана агресија, бес и гнев кои не биле во можност адекватно да ги изразат кон оние личности кон кои требало.

316569973 885081002930217 5457685513760246317 n

Читај бе: На крај, може ли еден Ваш апел и совет поврзан со оваа тема…

Марија: Како апел и совет би упатила дека треба интензивно и секојдневно сите заедно да работиме на превенција на оваа појава. Да ја подигнеме свесноста за тоа што е врсничкото насилство, кои се последициите од насилството, пред се психичките последици, да ги превенираме заеднички, да воспоставиме тесна соработка на релација ученици-родители-наставници-стручни служби. Потоа да креираме ефикасни и адекватни мерки за надминување и справување со насилството во училиштата, да не се етикетираат и стигматизираат ниту жртвите на булинг, ниту насилниците, да се креираат адекватни стратегии и протоколи за справување со насилството, кои нема само да бидат добро конципирани на хартија, туку спроведливи во праксата, да се креираат ефикасни системи на поддршка во тријадата ученици – вработени во училиштата и секако родителите, развивање и на ефикасна мрежа на поддршка со сите релевантни институции и транспарентност во работењето и меѓуинституционална соработка што секако ни недостасува.

meblo trejd mialnici
Секој пат кога некој ќе ве повреди, прашајте го дали му е полесно
Секој пат кога некој ќе ве повреди, прашајте го дали сега му …
Не ја судете книгата по корицата – во човечката библиотека во Данска можете да позајмите личност наместо книга
Човечката библиотека, основана пред дваесетина години во Данска, им овозможува на луѓето …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…