Веќе извесен период Никола Митревски е во својата родна Битола, откако заврши успешната сезона за неговиот клуб Порто. Токму како што ни кажа во интервјуто за Читај бе, дека секое слободно време го користи да си дојде во родната Битола.
Покрај обврските, кои мора да ги заврши веднаш штом ќе пристигне во Битола, Никола секогаш наоѓа време за едно битолско кафе со пријателите. А денеска друштво му правеше и неговиот син.
„После завршувањето на секоја сезона, секогаш прва дестинација ми е Битола, бидејќи најубаво е дома. Секогаш се обидувам да се видам со сите пријатели, да ги испочитувам, да испијам кафе, да си кажеме што има ново. Се уште не сум се видел со сите, но секако дека до крајот на одморот ќе се видам. Подготовките почнуваат на почетокот од август, па дотогаш трае мојот одмор и дотогаш ќе сум во Битола.
Со оглед на тоа дека не сум бил во Битола скоро цела година, се собираат доста обврски за средување, па покрај кафето со пријателите, тоа ми е првата работа што ја правам кога ќе дојдам дома во Битола“, вели Никола за Читај бе.
Македонскиот репрезентативец и еден од најдобрите голмани во Европа, го продолжи договорот со Порто и таму ќе настапува уште две сезони.