Кога Никола Митревски ќе влезе во ритам, топка во неговиот гол ретко влегува, било да се работи за натпревар на репрезентацијата или пак за неговиот клуб Порто. Така беше и на последниот натпревар меѓу Македонија и Чешка кога нашиот репрезентативен голман, имаше одлични 14 одбрани и беше еден од најзаслужните за победа над Чешка.

Кариерата му започна во родниот град, во Пелистер, за потоа да настапува за Вардар, Металург, Бенфика, Доброгеа Суд, Еурофарм Пелистер. Во 2020 година, од клубот во својот роден град, замина за Португалија по вторпат и оттогаш блеска на голот на Порто. Направивме еден краток разговор со него, а тој ни откри какви се Португалците, како го зборува португалскиот јазик, но и дали му недостига Битола и што значи постојаното менување на местото на живеење за еден професионален спортист и неговото семејство, .

Николче Митревски 8
Foto: Instagram Nikola Mitrevski

Читај бе: Со победата над Чешка, Македонија успеа да се пласира на Светското првенство наредната година. Честитки за твојата одлична партија, 14 интервенции во вистинските моменти кога се кршеше резултатот.

Никола Митревски: Благодарам за честитките. Издвојувавме многу битна победа во овој двомеч со Чесите, за продолжување на континуитетот на учество на големите натпреварувања. Сите сме задоволни и среќни што успеавме да ја исполниме нашата цел. За овој успех, заслуги имаат сите што беа со нас во тие 7-8 дена. Кога си во натпреварот гледаш да одбраниш што е можно повеќе топки, без разлика на резултатот и времето на семафорот.

Читај бе: Што е најбитно за време на вакви тешки и клучни натпревари за еден спортист? Од твоја гледна точка, како се подготвува еден голман?

Никола Митревски: Битно е да не се изгуби главата, да се остане смирен иако во тој момент се крши натпреварот, да се продолжи со тоа за што си се подготвувал претходно, бидејќи еден лош момент, една погрешна реакција можи да уништи се добро што си правел претходно во натпреварот.

Николче Митревски 3 min

Читај бе: Кариерата на еден успешен спортист значи и многу селење, живеење во други држави, соочување со различни култури…Како се прилагодивте заедно со семејството на животот во Португалија? Каков е животот во Порто?

Никола Митревски: Животот на професионалните спортисти е тежок, бара многу откажувања, одрекувања, итн. Во Португалија не сум прв пат, претходно бев 2 години во Лисабон, така што оттогаш го научив јазикот и немав никаков проблем при адаптацијата во новата средина. Добив огромна поддршка од клубот, челниците на клубот, играчите, така што се чувствуваме одлично тука. Градот е еден од поубавите и постарите градови во Европа, за еден турист има многу што да се види, има добра храна, вино, историја и топли луѓе, коишто сакаат да помогнат на било каков начин.

Николче Митревски

Читај бе: Не само прилагодување на животот, туку учење и нови јазици. Колку јазици зборуваш? Каков е португалскиот јазик за учење, зборување….

Никола Митревски: Како што кажав, португалскиот јазик го научив пред неколку години, сега само го доусовршувам, бидејќи го учев сам, без професори и училишта, низ разговор и од апликации на мобилниот телефон. Има доста тешка граматика и секогаш има нешто ново што го учам.

Читај бе: Какви се Португалците како народ? Имаме ли некои сличности со нив или пак целосно сме различни?

Никола Митревски: Имаме и сличност и разлики, слични сме во тоа што се доста гостопримливи, услужливи, исто така сакаат добра храна, добро вино, добра забава. А за разликите, тука се многу посмирени, поопуштени, скоро никаде и за ништо не брзаат.

Читај бе: Колку често доаѓаш во Битола? Ти недостига ли?

Никола Митревски: Доаѓам секогаш кога имам одмор или доволно слободно време. Не оставам да помине толку долго време да не дојдам во Битола за да ми недостига 😊

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…