ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола деновиве реализира уште една средба и размена на искуства со партнер училишта преку Еразмус + проект. Наставничките од ова училиште, Невенка Иванова Толеска и Христина Радевска остварија средба во Gorinchem,Холандија во рамките на проектот: „Finding identity in times of social media“, тема која е доста актуелна во секојдневието на младите и која заслужува посебно внимание. На средбата учествуваа уште 5 земји: Италија, Португалија, Ирска, Германија и Холандија со своите претставници од редот на наставници. Ова беше првиот состанок во живо, реализиран по многубројни онлајн средби и работилници со учениците во кои тие ги искажаа своите гледишта и искуства со социјалните медиуми.

насл 1

Средбите се реализираа во училиштето „Fortes Lyceum“ кое е прогласено за едно од најдобрите училишта во Холандија.

34

„Беше вистинско задоволство да се посети едно вакво училиште кое е пример за современост и организираност, кое нуди големи можности за учење и креативно изразување на своите ученици. Училиште какво можеме само да замислиме и повеќе“, велат наставничките.

2

За време на престојот беше разговарано за образовниот систем на сите земји учеснички и наставниците се запознааа со начинот на реализација на наставната програма. Се реализираа бројни работилници и обуки од областа на медиумската писменост,уметноста и театарот.

Наставниците се стекнаа со знаења и искуства кои понатаму ќе се применат при реализација на воспитно-образовниот процес.

Во рамките на проектот се реализираа и други социјални активности како посета на знаменитостите во повеќе градови, запознавање со културата и традицијата на Холандија.

Наставниците кои работат на овој проект ќе реализираат мобилности со своите ученици во периодот од септември 2022 до јуни 2023 год. ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ во месец септември 2022 год. ќе биде училиште домаќин, мобилност во која ќе учествуваат и 25 ученици, гости од земјите партнери кои за прв пат во живо ќе се дружат со нашите ученици. Очекуваме богата, интересна и поучна соработка од која ќе произлезат нови долготрајни пријателства, велат од училиштето.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…