Можеби „Супермен“ на Виктор Апостоловски не отиде на Евровизија како победник, но затоа пак песната само што излезе стана хит. Виктор вели дека заради обврски не ја гледал Евровизија, за која вели дека треба да се сфати како шоу, па се дури не го сфатиме тоа нема да влеземе во финале. Поразговаравме со Виктор за неговите идни планови на музички план, како е да се биде во шоубизнисот и да живее во Битола, ја најави македонската верзија на „Супермен“, а можеби и албум до крајот на годината.

242727182 4311401672301266 2871600189502213110 n

Читај бе: Виктор, првото прашање е за Евровизија. Бидејќи за повеќето ти беше морален победник (и според гласовите на гледачите), како се чувствуваш сега откако помина Евровизија? Што мислиш за нашиот пласман?

Виктор: Искрено, годинава поради обврски не успеав да ја гледам Евровизија, така што освен инсерти од сториња на Инстаграм и Тик Ток, друго ништо не успеав да видам. Подоцна го преслушав настапот на Андреа кој беше добар, но за жал пак не се пласиравме во финалето. Треба да сфатиме дека Евровизија не е натпревар по пеење, туку шоу, како и се останато во денешно време, така што дур не го сфатиме тоа, влезот во финале ќе е тежок.


Читај бе: Како дојде инспирацијата за „Супермен“? Песната доби и видео спот…

Виктор: Супермен е пред сé дело на Владимир Дојчиновски – Дојчин. Тој го имал во глава едно десетина години, ама како што рече: „Не можев да најдам никој доволно луд да го изведи како шо треба“, дур не налета на „Роки“ :D. Кога влегов во студио и го чув демото, во секундата се видов себеси на сцената, знаев точно што ќе правам и како ќе правам! Едноставно кликна работата! Седнав, го средивме текстот, ја снимивме, ја зедов да ја „штелнам“, да му дам малце Роки дух и тоа беше тоа!
Песната излезе, си направи бум сама по себе. Јас бев едниствениот изведувач шо не беше „спонзориран“ на социјалните мрежи во текот на натпреварот, се шо постигна песната си постигна сама по себе. Така што, после таа огромна поддршка, одбрани или не, мораше да се снима спот! Благодарности до сите што учествуваа и до снимателот, битолското дете Христијан Котевски – Кицко од Creatix продукција.

виктор апостоловски супер min

Читај бе: Кажи ни што работиш… Подготвуваш ли нешто ново сега?

Виктор: Секогаш се крчка нешто ново во кујната! Пред Супермен да е воопшто на масата имав 3 готови песни кои сé уште чекаат да им се сними спотче. Ама прво морам да ја извадам македонската верзија на Супермен, која исто така доцни поради многу обврски. Таман решивме да ја пуштиме се случи тоа што се случи околу Евровизијата, па рековме ај да не испадни намерно, ќе причекаме уште малце, па се надевам дека наскоро ќе ја пуштиме. Како и да е, очекувајте минимум 3 нови песни до крајот на годината, а можеби ќе успеам и да ги заокружам во едно албумче.

виктор апостоловски 03

Читај бе: Живееш и работиш во Битола. Се успева ли оттука или пак мора да се оди во Скопје за да има раст на кариерата?

Виктор: За жал, бидејќи државата ни е центразлизирана и нема абер да се децентрализира, сакале ние или не, сé е во Скопје, така што мора да се патува често. Да функционираше сé како што треба немаше да мораме, но ете, тоа е што е, шо се мора – не е тешко. Е сега бидејќи јас сум јас и во суштина нејќам да следам туѓи правила, додека сите гледаат да одат и да си олеснат, јас се враќам назад и правам студио во мојот роден град. Знам дека е потешко, знам дека ќе се мачам, ама па на крајот на денот ништо не сум добил лесно во животот, а и плодот е посладок ко ќе се измачиш да го собериш. Така што јас ќе се трудам што можам повеќе да функционирам од нашиот град!

виктор апостоловски 07

Читај бе: Може ли да ни кажеш, што е она што го сакаш и она што најмногу те нервира кај битолчани/ки?

Виктор: Сакам шо сме лезет луѓе! Сé е бавно, лагано, никој нигде не брза, на никој не му се работи… за мерак!

Мразам шо, сме лезет луѓе! Сé е бавно, лагано, никој нигде не брза, на никој не му се работи… то е! 😀

виктор апостоловски 06

Читај бе: Што уживаш да правиш во Битола?

Виктор: Кафе т.е. сокче, паркчето, тумбе кафе со точачето, Дихово, Нижеполе, Пелистер… Едноставно уживам во то шо го имаме.

виктор апостоловски 09

Читај бе: Имаш ли некоја инспирација за песна која досега не си успеал да ја реализираш?

Виктор: Па во суштина, сé шо ми дало инспирација сум го запишал или потснимил некаде. Можда не е реализирано сé уште, ама кај и да е ќе биди! Во суштина сакам да ги искажам сите свои емоции и да ги извадам на виделина. Можеби затоа и ми доцнат песните со години, пошто имам премногу работи шо сакам да ги кажам, ама па на крајот на денот јас не сум тука за 5 минути слава! Не е ова некое хоби што сега го правам, па можда за некој месец ќе правам нешто друго. Музиката ми е професија, струка! Сум ѝ го посветил животот и допрва ќе ѝ го посветувам, така што има време! Сé шо сакам да искажам ќе го искажам, полека ама сигурно! 😀

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…