Екипата на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ го освои Државното првенство во кошарка кое се одржа изминатиов месец во спортската сала на медицинското училиште. Оваа титула значи многу затоа што е прва за училиштето во кошарка, а е прва државна титула и за наставникот по ФЗО во ОУ „Свети Кирил и Методиј“, м-р Џими Геровски. Титулата е дотолку важна, што се тренираше во „спартански“ услови, како што вели наставникот Геровски, затоа што ова училиште нема спортска сала. А токму тоа е најголеиот проблем за училиштата – немањето училишни спортски сали.

284671234 677838666635601 2405148550758139746 n

Читај бе: Што значи оваа шампионска титула за училиштето, екипата, но и за вас како тренер и наставник?

Џими: Оваа шампионска титула ни значи многу, премногу, најмногу….Прво затоа што е прва во историјата на училиштето како државни прваци во кошарка, никој пред нас ова не го направил. Јас сум горд на моите ученици, беа професионални, веруваа во себе и ги извршија сите задачи кои му беа зададени. Лично мене ми е од особено значење затоа што ми е прва титула на државно ниво.

Читај бе: Кажете ни нешто за екипата. На која возраст се, како се подготвувавте…

Џими: Децата воглавно се 9-то одделение, но има и ученици и од 8-мо одделение. Екипата можам да кажам дека се подготвуваше „спартански“, затоа што сме училиште без спортска сала и сите часови, тренинзи, подготовки ги правевме надвор на ведро небо, на секакви услови, во училишниот двор на кошаркарското игралиште.

284288129 582539263143924 6328911172734477028 n

Читај бе: Колку треба да се вложува во овие млади деца, за да се истакне нивниот талент кај нив?

Џими: Во оваа златна генерација, во овие деца, сега е моментот да се вложи најмногу, сега е моментот сите заедно ние како наставници, родителите, тренерите по кошарка, а и самите деца да работат најпосветено и да го искористат талентот кој го поседуваат.

284096972 486193919945269 4969558184169351137 n

Читај бе: Колку мислите дека се посветува внимание на училишниот спорт? Дали може да се подигне на уште повисоко ниво?

Џими: Моментално училишниот спорт е во една нагорна линија, се организираат општински, зонски, регионални, државни натпревари….но има простор да се работи уште подобро уште попосветено, пред сé да се создадат услови за развивање на спортските таленти. Во Македонија нема инфраструктура, тоа е најголемиот проблем, немаме училишни сали за работа. Најповеќе во модерното време ни недостасува маалската игра пред улица, пред зграда, ни фали играта на спортските терени пред и после часови, тука се „брусат“ сите деца, тука се прават најбитните чекори, во маалото игра со поголеми се игра со секој, се плука „крв“ за да победиш, а за возврат стануваш спортист.

Читај бе: Имаме ли млади кошаркарски таленти во Битола?

Џими: Со освојувањето на првото место докажавме дека во Битола има кошаркарски таленти и вреди максимално да се вложи во нив.

284133694 540228214263387 4557106760448952503 n

Читај бе: Како наставник по ФЗО, како сметате дека е најдобро да се поттикнат децата да се физички активни, а со тоа и здрави? Колку од нив се заинтересирани да се занимаваат со спорт?

Џими: Психичката подготовка која ја изградивме со овие деца беше клучот за успехот, создадовме мит на шампиони, го истрениравме нашиот мозок дека сме победници и телото се водеше од нашата најсилна страна – психичката моќ. И кога во финалето губевме 27-10 знаев дека ќе направиме пресврт, максималната поддршка и верба во нив кога ни самите не веруваа во себе, нé направи шампиони. Бидејќи беа подготвени, беа спремни, беа желни за победа „гризеа по теренот“, ја посакуваа победата повеќе од сé на светот.

meblo trejd skali

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…