Деновиве се одржа 26-то издание на  Интернационалниот детски музички фестивал СИ-ДО 2022. Еуфоријата, среќата, детската песна и многу среќни деца беа карактеристика на годинешното издание во салата на Центарот за култура Битола.

сидо

Денес, овој детски музички фестивал има значајно место во културниот живот на градот, како и кај многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите.

сидо 2

„На годинешното издание беа изведени 19 нови песни, од кои две од гости од соседните држави Србија и Бугарија, кои го збогатија репертоарот. Песните се од различни жанрови, а децата кои настапуваат се од различни возрасни групи, кои ќе можат сите деца да ги слушаат на социјалните мрежи и медиумите. Подготовките за фестивалот траат во текот на целата година проследени со концерти, гостувања надвор од нашите граници и други настани. Наредна активност ќе биде аудицијата каде што ќе можат да се пријават сите талентирани деца кои сакаат да бидат дел од овај прекрасен детски настан. СИ-ДО за сите деца!“, вели Дарко Шерденков, директор на фестивалот СИ-ДО.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…