Покрај врнежливото време во битолската чаршија, по повод Рамазан Бајрам, Муфтиството делеше баклава на секој минувач во духот на празникот.
„Со оваа бајрамска баклава испраќаме порака до сите граѓани од исламската вероисповед, но и до сите жители на Општина Битола и пошироко, дека подарувањето и почестувањето во празничните денови носат радост. Кога ние се чувствуваме среќни, сакаме и другите да бидат среќни. Да живееме заедно и да создаваме општество во кое сите ќе се почитуваме. А тоа најдобро се прави кога ќе го почестиш својот комшија или сограѓанин“, изјави битолскиот муфтија, Амит Расими.
































фотограф: Агим Џело
Како музиката влијае врз нашиот живот
Музиката е универзален јазик кој може да разбуди емоции и уникатни чувства. …
Без разлика колку лошо се однесуваат кон тебе, не паѓај на нивно ниво
Во животот неизбежно ќе наидеме на луѓе кои не се однесуваат добро …








