На 29.03.2025 год (сабота) во општина Ѓорче Петров –Скопје се одржа државно првенство за сениор. К.К.„ЗАНШИН ДО“-БИТОЛА настапи во две категории и тоа во ката тим жени и ката тим мажи. За прв пат после 58 години од кога постои КФМ каратистите од Битола на пиедестал во сениорска категорија. Битолчани се закитија со два пехари, сребрен и бронзен медал.
Со сребрен медал во ката тим мажи се закитија: Давид Стојчевски, Михаил Марковски и Тони Кулевски додека со бронзен медал во ката тим се закитија : Стефанија Петковска, Леона Алиловска и Емилија Илковска.
-Започнуваќи од претходната сезона 2024 год па продолжуваќи сега се нижат успеси со историски пресврт за Битола во КФМ . Горда сум како тренер бидеќи овие резултати кои ги постигнуваме како клуб ја издигнуваат Битола на пиедестал со врвните каратисти во државата, истакна Стевка Јанковска Петковска, тренер во К.К.„ЗАНШИН ДО“-БИТОЛА.