muzej nas

НУ „Завод и музеј“ Битола гостуваше во македонскиот Културно информативен центар во Загреб, со „Мултисензорна изложба во 2Д и 3Д“ во рамките на проектот „Пристапно наследство за сите“.

На изложбата беа претставени тактилни копии од месинг од наши експонати, тактилни слики, текстови на Брајово писмо и аудио описи за предметите, подготвени на хрватски јазик.

Огромна благодарност за гостопримството упатуваме до Амбасадорот Милаим Фетаи и директорката на КИЦ во Загреб Наталија Поповска, за соработката во организацијата и реализација на проектот.

На настанот присуствуваа претставници од ЦОО Винко Бек, Тања Парлов- професорка по ликовна уметност во оваа специјална установа, Ивана Шалковиќ, раководител на одделот за млади и секако учениците, кои и покрај дождливото невреме со голем интерес пристигнаа на работилницата. Тие присуствуваа и на свеченото отварање на изложбата, го истражија презентираниот материјал и изразија голема желба да посетат некој македонски град. Се радуваме и на присуството на заинтересираните уметници и секако на возрасните лица со оштетен вид како и колегите од музеите во Загреб.

Тимот кој посветено работеше на проектот :

М-р Јове Парговски автор на тактилни слики и изработка на НФЦ тагови, м-р Моника Нолева дизајн и изработка на цртежи, Кирче Арсовски- тактилни копии од месинг, Неда Маретиќ- наратор на хрватски јазик, Андријана Шокларовска-текст на хрватски јазик на Брајово писмо, Студио Гимел-Мими Марковски и колегите кустоси- описи на предметите-Јасмина Гулевска, Енгин Насух, Владо Ѓоревски, Ефросинија Паревска и Јове Парговски.

Раководител на проектот е Д-р Ирена Ружин.

meblo trejd mialnici 2
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…