Трпчески и пријателите го изведоа албумот МАКЕДОНИСИМО што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот. Станува збор за проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, „со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови“. Уникатниот тим на МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ и на оваа серија концерти покрај Симон Трпчески на пијано, го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев.
Идејата за изведба на проектот „Македонисимо“ во Битола, произлезе од средбата на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со пијанистот Симон Трпчески, во март годинава, со што општина Битола, заедно со своите соработници, ги овозможија потребните услови за синоќешниот настап.„Овој град зрачи со посебен шарм, со уметност и култура и со манир на самите граѓани. Навистина сум многу среќен што имавме можност, за време на овој прв дел од турнејата во Македонија – претставувањето на проектот „Македонисимо“, да дојдеме токму во овој град којшто навистина зрачи со убавина. Дождот не ја поколеба публиката. Дојде во голем број и не прими со сето срце, како и што очекувавме, луѓе од различни профили и професии си го препознаа она што е нивно, што е посветено на македонскиот народ – проектот „Македонисимо“ и навистина со топлина не прими што е дополнителна мотивација и инспирација за уметниците на сцената. Голема е одговорноста да се свири македонска музика, дома во Македонија, пред македонскиот народ, кој што тоа го носи во својот код, така што сум благодарен, што на овој начин го воспримија она што ние го направивме со многу љубов и голема одговорност кон народната музика“, изјави Симон Трпчески по завршувањето на концертот во Битола.
Во проектот „Македонисимо“ на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, „со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови“. Уникатниот тим на МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ покрај Симон Трпчески на пијано, го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев.Следното гостување на проектот „Македонисимо“ е во Виена, а со веќе планирани повеќе концертни настапи, Трпчески и пријателите, продолжуваат да ја слават македонска музика и традиција насекаде низ светот.