Во периодот од 19.9.2022 до 23.9.2022 ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола беше  домаќин на 25 ученици и 10 наставници од партнер земјите Германија, Португалија, Холандија, Италија и Ирска, учеснички во проектот „Барање идентитет во време на социјални медиуми“ поддржан од програмата Еразмус+. За таа цел ученици од IX и VIII одделение беа ангажирани во активности предвидени според договорот.

308100469 654410295888918 852237443525227408 n

Во обид да  го претставиме нашиот град Битола, но и нашата земја во најдобро светло, како и да ја прикажеме нашата широкограда гостопримлива природа подготвивме нестандардна програма која ја реализиравме на различни локации од нашиот град и околијата со цел на гостите да им го доловиме нашето непроценливо богатство, а сепак да се задржиме на главната тема на посетата „Лажни Вести – дезинформација и пропаганда!“

308717772 586546983202698 4747090674444578966 n

„Горди сме што успеавме да покажеме дека Битола умее вешто да се носи рамо до рамо со културата на европските земји. За успешна реализација на активностите несебично ни помогнаа со своја поддршка Општина Битола и Градоначалникот Тони Коњановски, кој овозможи прием на гостите во салата на Советот на Општина Битола каде присуствуваше Овластен просветен инспектор на Општина Битола Марина Стефановска – Јовчева и Раководител на одделение за јавни дејности Снежана Петровска. Присутните ги поздрави и член на Советот на Општина Битола м-р Анета Георгиевска, како и директорот на ООУ Ѓорѓи Сугарев – Битола м-р Роберт Филиповски. Приказната ја продолживме со активности во ЈОУ Културен информативен центар каде не угости директорот д-р Лили Бошевска и овозможи учениците да ги покажат своите музички таленти, НУ Музеј на Битола и домаќинот Билјана Стефановска, факти за градот Охрид изнесе проф. д-р Зоран Тунтев, а работилница на тема Биодиверзитетот во Националниот парк Пелистер проткаена со лажни информации одржа Виолета Сотировска од Пелистер -Инфо Центар со што учениците ги заокружија своите компетенции за откривање Лажни Вести. За зајакнување на комуникацијата меѓу учесниците преку натпревар по куглање се погрижи Кугларски клуб Пелистер од Битола“, вели координаторот м-р Биљана Темелкова.   

307388288 419323686978150 1975380225611792774 n

Проектот „Барање идентитет во време на социјални медиуми“ опстојува и се одржува преку виртуелни средби цели две години во пандемиски услови под координаторство на м-р Биљана Темелкова, наставник по англиски јазик при ООУ Ѓорѓи Сугарев – Битола. Тимот кој работи на проектот е составен од 6 наставници кои посветено работат на постигнување на целите на истиот.

Овој проект има за цел да укаже на нивото на свесност кај наставниците и учениците за правилната употреба на социјалните медиуми и медиумската писменост, како и да се осврне на потребата да се надмине недостигот на знаење за медиумска писменост кај младите, како и кај пошироката популација. Се фокусира и на укажување на опасностите што ги предизвикуваат социјалните мрежи кај младите. Учениците кои секојдневно примаат огромна количина на информации од широк спектар на извори ќе станат подобри критички мислители, паметни потрошувачи кои ќе препознаваат различни гледишта. Се надеваме дека во иднина наставниците ќе обрнат повеќе внимание до кој степен нивните ученици ги користат социјалните медиуми и на кој начин, но и ќе посветат особено внимание да ги научат како да бидат повнимателни кога ги користат социјалните медиуми.

Покрај главната цел на проектот, оваа седмица значеше многу повеќе за нашите ученици во смисла на создавање пријателства меѓу самите нив, но и нивните семејства. Врски кои ќе траат и моменти на кои ќе се сеќаваат до крајот на животот. – вели координаторот м-р Биљана Темелкова.

307607328 605557127912292 4011126492816412351 n

    Кркардаш или „Светите славни 40 битолски преподобномаченици“ е бедем на христијанската љубов и единство
    Православниот храм посветен на „Светите славни 40 битолски преподобномаченици“ претставува духовен чувар …
    Тишина во стиховите: Денот на поезијата во сенка на тагата
    Во овие денови на тага, кога Македонија жали за трагичната загуба на …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…