anabela naslovna

Во моменти кога општеството е „потресено“ од трагедиите кои се случуваат во соседството, почна многу активно да се зборува и за врсничкото насилство. Возрасните, родителите, психолозите, експертите зборуваат, анализираат, но…што имаат да кажат децата за ова?

Една од темите зададени на работилницата која Читај бе ја имаше со талентирани деца во ОУ „Даме Груев“ Битола како дел од проектот „Творилница 2023“, беше и врсничкото насилство.

анабела 2

Токму на оваа тема беа повеќето напишани текстови од учениците.

344114357 794304225758206 8217447767576719962 n

Еден од нив беше на Анабела Груевска, ученичка во деветто одделение која исто така за завршниот настан на проектот го напиша поголемиот дел од сценариото и ќе биде режисер на претставата на тема „Насилство и булинг“.

Прочитајте ГЛАСНО што напиша младата Анабела за насилството во училиштата:

Насилство. Дефиниција на нешто на кое луѓето не посветуваат доволно внимание. Кога најчесто децата во училиштата претрпуваат физичко, социјално или пак сајбер-малтретирање, родителите или наставниците го гледаат тоа како фаза во нивното растење, но никој тоа не го гледа како попреченост кај тие деца да ја зајакнат својата самодоверба, или да веруват дека тие се вредни.

Насилството ги прави луѓето, а најмногу децата – слаби, им ја згаснува „свеќата“ и со тоа ја губат надежта, никој не се прашува како тоа дете кое претрпело такво нешто се почуствувало, никој не го цени нивниот одговор, сите велат „Деца се тоа, ќе пораснат”, но всушност тие тука запираат…запираат да веруваат во себе и да продолжат од каде застанале…но со тоа што некој ќе им ја изгасне „свеќата“ не значи дека неговата ќе биде посјајна или повредна. Сите луѓе се исти, сите деца се еднакви, но дел не можат да застанат зад себеси и да се искажат, плашејќи се од мислењата и префрлувањата на другите. Детето кое еднаш претрпело такво нешто нема никогаш повеќе да биде истото дете како што било претходно.

Опкружувањето кое го имаш, луѓето околу тебе се оние кои ќе ти помогнат да се справиш со ситуации како што се овие. Некогаш е побитно да имаш еден пријател кој ќе те цени, отколу илјадници кои ќе те исмејуваат. Животот е краток за да дозволиш некој да ти го уништи, да дозволиш да те потцени и погази, секој секогаш треба да застане и да се справи со ситуациите, бидејќи ако еднаш не му се спротивставиш, секогаш ќе бидеш центарот.

Во училиштата насилството е најмногу застапено. Додека сите мислат дека децата се забавуваат, си играат, секогаш има барем еден кој не се забавува и не си игра,  има еден кој е секогаш тема на потсмев, поттурнат од останатите, но никој ова не го забележува, бидејки сите се исти, нели? Чудно е како дете не може да се вклопи, секогаш во очите на другите тој е проблемот, но никој не се запрашал зошто, никој не се сетил дека можеби децата кои го извршуваат тоа физичко или социјално насилство се проблемот, децата прават некој да се чувствува безвредно мислејќи дека тие ќе станат помоќни или пак поинтересни. Тие никогаш нема да престанат бидејќи никој не им го укажал спротивното, никој не ги соочил со проблемот. Насилството е навистина тешка тема за која дефинитивно треба повеќе да се зборува, сите треба да ја увидат штетата која се извршува и да се помогне да се спречи, бидејќи ако се продолжи со ова темпо како сега, младината нема да постигне многу. 

Луѓето секогаш ке ја забележат разликата во твоето однесување, но никогаш нема да се запрашаат дали тие се причината зошто тоа се променило. Секогаш имаш избор, не го избирај насилството – избери ја добрината, бидејќи насилството е слабост.

Автор: Анабела Груевска,
ученичка во 9а одделение

анабела

Инаку, за Анабела наставниците велат дека е сестрана личност. Најмногу учествувала досега на натпревари по физика, натпревари во кои се споени кретивноста на изразувањето од аспект на физиката со уметноста. Последен успех што го има остварено е кога ја доби специјална награда во категоријата од 11-14 години на меѓународниот натпревар Space art 2023.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…