mladi novinari nn

Како дел од проектот „ТВОРИЛНИЦА“, во ОУ „Даме Груев“ Битола се одржа втората работилница со талентирани ученици од седмо, осмо и деветто одделение од ова училиште под менторство на наставничката по физика, Валентина Степановска – Андоновска, координатор на проектот во Битола, заедно со Ленче Богоевска, наставник по македонски јазик, Весна Дунимаглоска, наставник по ликовно образование и Елена Богоевска наставник по англиски јазик.

Работилницата ја држеше Маја Богоевска, новинар со 20-годишно медиумско искуство, уредник на порталот Читај бе, додека практичниот дел го водеше Саше Богоевски, снимател, фотограф и монтажер со тридецениско искуство и основач на Читај бе.

На првата работилница која се одржа на 12 април, Богоевска на групата од 15-тина талентирани деца им ги објасни правилата на новинарството, видовите медиуми, какви новинари постојат, етиката во новинарството, како да ги препознаат, но и да се справуваат со лажните вести и секако најинтересниот дел за децата – како да се направи успешно интервју. За втората работилница, им беа зададени задачи да напишат една од зададените теми.

Темите лажни вести и булинг – врсничко насилство најмногу ги привлекоа учениците кои покажаа дека ја разбираат темата, но покажаа и високо ниво на писменост и познавање на македонскиот литературен јазик, точно и прецизно изразувајќи се во контекст на темата која ја избраа.

Вториот дел од работилницата беше посветен на практичниот дел, каде учениците имаа можност директно да се „соочат“ со камерата. Саше Богоевски им објасни како се снима, како да се постави кадарот на новинарот, на гостинот, каква е опрема е потребна. Потоа две групи имаа можност да снимаат изјава и интервју, едните со мобилен телефон, а другите со камера. На овој начин тие директно се соочија со улогите новинар – соговорник.

Талентираните ученици од „Даме Груев“ кои се дел од овој проект покажаа одлична способност и подготвеност да се најдат пред камерата и сето тоа да го направат на најпрофесионален начин и со тоа барем малку да им се приближи професијата новинар и снимател.

Исто така се разговараше и за интервјуто како форма објавена на веб портал преку примери на интервјуа објавени на Читај бе, како да се избере соговорникот, каква порака треба да се пренесе, какви прашања да се постават, односно самиот процес од подготвување па се до реализација и објавување на интервјуто.

Инаку проектот „ТВОРИЛНИЦА“ освен во Битола, се реализира и во Скопје, Штип, Радовиш, Струмица, Прилеп, Неготино и Велес. Дел од него се околу 20 училишта и едукативни центри од формалното и неформалното образование. Вклучени се околу 50 наставници, кои се ментори на 10 – 15 талентирани ученици.

Проектот „ТВОРИЛНИЦА“ е мултидисциплинарен проект кој има за цел кај  децата учесници да ги развие нивните таленти  и вештени под менторство на професионалци од повеќе области и е организиран во повеќе работилници, според интересот на децата и  тоа: Писателско- читателски и новинарски клуб, музички клуб, драмски клуб, клуб по ликовни уметности, младински активизам и спортски клуб.

Со сите клубови раководат докажани професионалци од дадените области, со цел да им овозможат на децата и нивните наставници-ментори да се стекнат со доплнителни знаења и вештини во правец на креативен развој и создавање на сопствени автентични уметнички проекти, како краен продукт. 

Оваа година, проектот „ТВОРИЛНИЦА“ реализира по трет пат, во периодот од 20.03 до 20.05.2023. Носител на проектот е ЗГ„Здравеј“ од Скопје.

meblo trejd cesmi во crni
jk tunis
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…