работилница насловна

Како дел од проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост“ во НУУБ „Св. Климент Охридски “- Битола, се реализира работилница „Јас сум ликовен уметник“, каде учениците од Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје со дисперзирани паралелки во Битола, како идни графичари, имаа можност да илустрираат за книги.

сум ликовен уметник 10
сум ликовен уметник 8
сум ликовен уметник 6

Преку уникатни техники на пресликување, работа со пена за бришење, алуминиумска фолија, темперни бои, хартија во боја, успеавме да направиме прекрасни цртежи по сопствена желба. Секој ученик си имаше замисла како би сакал неговиот цртеж да изгледа, па така насликавме: топка, јаболко, сладолед, дама, букви, апстрактни слики и што уште не.
На детската радост и немаше крај.
Библиотеката е секогаш тука да направи магично катче за сите, место каде сите ќе се чувствуваат среќно.

Им благодариме на професорката по македонски јазик Елизабета Јончиќ и професорката по теоретски графички предмети и практична настава Елена Чукалеска, кои прават се за овие деца да можат да напредуваат во своето учење, а библиотекарите се тука да помогнат на секој можен начин да им помогнат во тоа и да ја задржат насмевката на лицата на овие деца.

работилници

Сите цртежи се поставени во холот на библиотеката, во мала изложба.
Координатори на проектот М-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, Ирена Колевска и Вера Марковска.

jk tunis
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…