Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола го организира Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“. Право на учество на овај натпревар имаат сите ученици од основните училишта до 14 годишна возраст кои се членови на училишните библиотеки или Детската библиотека која работи во состав на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола. За подготовка на учесниците за овој натпревар Ви го предлагаме Прирачникот за подготовка на кандидати за натпреварот „Библиотекарство“ кој ќе ви го обезбеди Библиотеката.

Рокот за пријавување за учество на натпреварот е до 17 март 2023 год., писмено по пошта на адреса Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39 со назнака за Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ или лично секој работен ден од 07.30 до 12.00 часот. Општинскиот натпревар ќе се одржи на ден 12 април 2023 год. (среда) со почеток во 12 часот во просториите на Библиотеката.

Победникот од овој натпревар се стекнува со право на учество на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи на 12 мај (петок) во 12 часот во Библиотеката „Искра“ во Кочани.

Мирно воспитување: зошто викањето не носи резултати
Викањето често се појавува како автоматска реакција – од умор, стрес или …
Ве водиме на прошетка низ Крит и најубавите плажи во Грција (Фотогалерија)
Крит е симбиоза од прекрасни плажи, античко богатство и пејзажи, живописни градови …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…