koncert

„Засекогаш во срцата“ е насловен концертот посветен на музичките легенди: Тоше Проески и Пепи Бафторовски.

Закажани се два концерти на 24 и 25 февруари на големата сцена на НУ „Центар за култура“ – Битола во соработка со Камерниот оркестар под диригенција на Владимир Димовски, а ќе настапат пејачите Бојан Маровиќ од Црна Гора, од македонските музичари Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Бојан Стојков, Сефедин Бајрамов, Сара Гигова, Марија Митровска и Марија Цветановска.

Концертот е поддржан од Министерството за култура.

На 3 март во Битола ќе гостува Иван Босиљчиќ, миленикот на режисерот Здравко Шотра, театарски и филмски глумец, кој со неверојатен шарм ги одигра главните машки ликови во повеќето екранизирани романи на Милица Јаковлевиќ. Неговиот уметнички настап е насловен „Наша вечер“ , музика и поезија – еден препознатлив дамар на Битола и еден смирен Балкан, враќање во едно минато натенане време кога се умееше да се живее. Оваа уметничка вечер е самостоен проект на  НУ „Ценатр за култура“ – Битола.

Влезниците за двата концерти се веќе пуштени во продажба, а заинтересираноста на публиката е огромна.

Маја Андоновска Илијевски, директорка на НУ „Центар за култура“- Битола ја претстави програмата и тековните културни настани кои ќе се организираат под нивна капа, финансиски поддржани од Министерство за култура и Општина Битола. Иако годинава ќе се работи со скратен буџет, сепак,  Битола ќе биде во фокусот на културните збиднувања во државата.

koncert naslovna

Директорката Андоновска- Илијевски го најави годинешново издание на ИФ Монодрама кој ќе се оджи во мај, следуваат детски работилници, изложби, Монографски каталог по повод 40 години творештво на Дрган Најденовски и ретроспективна изложба, повеќе музички настани со Камерниот оркестар, препознатливиот фестивал за Битола и за цела Македонија  „Илинденски денови“, издавање на носач на звук на кларинетистот Стојан Трајковски, семинар на традиционална музика и песна и Симфонија концерт на Благојче Трајковски.

Директорката изјави дека  во целокупната програма која ќе биде на репертоарот предност им се дава на македонските уметници, а голема е вклученоста и на младите уметници.

Таа најави дека наскоро Центарот, исто доби финансии за распишување на конкурс за македонски монодрами, кој е неверојатно добра инцијатива, со оглед дека сѐ повеќе млади актери се занимаваат со подвигот монодрамска изведба и тоа доста успешно, како што искоментира и директорката – затоа што младиот уметник во процесот влегува искрено, а уметноста не трпи манипулација.

НУ „Центар за култура“ Битола, на чело со Маја Андоновска Илијевски и нејзиниот тим постојано го  докажуваат клишето кое гордо звучи  – Битола е град на културата.  Тоа го докажува  репертоарот, но и публиката, која не ја сочинуваат само битолчани туку посетители ширум државата.

Така што публиката желна за уметичка забава нека го следи будно распоредот на настани како и што доликува на град кој е основата на културата во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…