Пред нас е богата програмска недела на исклучителни културно-образовни настани во КИЦ Битола, која започнува вечерва во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, со почеток во 19.00 ч. ДМУ – Битола со „Свечен концерт во сеќавање на проф.Пеце Митревски“, насловен како „Стар, ама на англиски“ Истата вечер со почеток во 19.00 ч. во Кристалната сала на Офицерски дом, изложба на дела од учениците од ОУ „Елпида Караманди“ по повод патрониот празник на училиштето.

музичко

Од КИЦ Битола ја најавуваат првата официјална соработка со Македонското научно друштво – Битола и КИЦ Битола, трибината посветена на големиот писател „Владимир Костов живот и дело“ на 26.04.23 , Свечена сала – Офицерски дом 18.00 ч.

Четврток 27.04 е денот на изненадување… Големиот мајстор на гитарата, човекот чии изведби се музичка лектира за генерации, музика која дише со македонски код со солистички концерт во Свечената сала на КИЦ Битола.

342970115 1267094167228187 658002454151230446 n

Соработката помеѓу францускиот џез музичар Оливиер Самоуилан со македонските џез музичари Поповски Сашо, Иван Бејков и Ратко Даутовски е континуитет на предходната соработка на Jazz Factory Festival . Џез музиката е универзален јaзик кој не познава граници, стилови, нации…Џез музиката е музичка синергија, која е во постојано движење,инспирација во од…Музика која зависи исклучително од духот и вештината на музичарите. По втор пат International Jazz Day во Културен и иформативен центар Битола на 30.04 со почеток во 13.00 ч. на платото на Офицерски дом – КИЦ Битола

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…