На 17,18 и 20 јуни на Новата сцена на Народниот театар Битола ќе се одигра монограмата „Кога цветаа тиквите“, работена по вториот роман на познатиот југословенски автор, Драгослав Михаиловиќ, а во изведба на битолчанецот Кристијан Танчевски.

286489318 703711260745056 7874058011493720598 n
Кристијан танчевски

Кристијан е дипломиран актер кој сме го гледале во претставите на театарот „Дел Арте“ во Битола. Ова е негова прва монодрама, работена по еден роман кој своевремено бил забранет, а потоа претрпел голем број театарски, филмски и ТВ адаптации по укинувањето на забраната.

286854096 741912350341837 5540588723238455551 n
Кристијан танчевски

„Театарот ми ја понуди единствената излезна врата од овој свет, од оваа реалност и од самиот себе. Таа понуда не можев да ја одбијам. Исто така, театарот не нуди само бегство од себе, туку и соочување со самиот себе. Завршив на факултетот за драмски уметности во Скопје, кај проф. Мими Таневска. Со театар се занимавам од мал, не се сеќавам точно колку години имав. Бев дел од театар “Дел Арте” уште пред да се запишам на факултет. Работевме детски претстави и имаме над 150 изведби во последните 10 години.

284264138 351796917064988 3185361965192820167 n
Кристијан танчевски

Првата професионална претстава ми е во Драмски Театар – Скопје (Папагалот историко) со Љубиша Георгиевски и имам уште една во најава во Битолски театар. Моментално работам монодрама, „Кога цветаа тиквите” по истоимениот роман на Драгослав Михаиловиќ. Чувствував дека монодрамата е форма – крик на еден актер кој има потреба да каже нешто што луѓето во нормални околности не можат да го чујат. Не само крик на актер, туку и на секој поединец кој бе се нашол во одредена ситуација. Романот прв пат го прочитав пред точно една година, во време на пандемија и бев сигурен дека е тоа текст со кој можам да искажам свој став, размислување и да пренесам мои лични емоции и искуства. Еве, една година подоцна, имам премиера. Тргнав сам, по пат, во текот на процесот се приклучија прекрасни луѓе, кои го сакаат театарот и живеат за тоа, да создаваат. Еден од нив е режисерот Љупчо Ѓоргиевски, кој со полно срце влезе во процесот за да ми дава насоки за тоа како се создава живот на сцена. Ја имав таа чест да работам со еден од најдобрите режисери во нашата земја, и за тоа му сум неизмерно благодарен“, вели Кристијан за Читај бе.

286571626 1017475635549490 1831119118555582959 n

„Кога цветаа тиквите”, вториот роман на познатиот југословенски автор, Драгослав Михаиловиќ има облик на монолошка исповед: некогашниот надежен боксер Љуба Сретеновиќ се сеќава на периодот од крајот на 1940-тите и почетокот на 1950-тите години кои го натерале да емигрира во Шведска.

287052730 451489850312888 8420252168396590574 n

„Објавен во 1968 година, романот го привлекува вниманието на југословенските власти, а претставата подготвена според романот е симната од репертоарот по само неколку изведби. Овој роман е едно од пресвртните дела од кои почнуваат нови тенденции во југословенската книжевност; важи за најзначаен роман на југословенскиот „црн бран“ и е едно од првите уметнички дела кои ја допираат темата на Информбирото во Југославија. Иако романот и тогашната претстава беа забранувани заради политички причини, јас лично не заземам никаков политички став ниту страна. Јас сум само на страната на авторот и на страната на слободата на изразување. „Кога цветаа тиквите“ претрпе голем број театарски, филмски и ТВ адаптации по укинувањето на забраната, токму благодарение на двосмисленоста на грубо реалистичната, скоро бруталистичка игра на Михаиловиќ, фактот дека содржи зрели политички, социјални, мелодраматски и поетски нивоа на значење, носејќи многу актуелни, современи и универзални теми. Од овој прекрасен роман, ние создадовме монодрама. Претпремиера имаме на на 17ти јуни (петок) Премиерата е закажана на 18ти јуни (сабота) И прва реприза на 20ти јуни (понеделник) Повелете на театар. П.С. Театарот нема никогаш да умре. Затоа што театарот е идеја, а идеја не може никој да убие“, дополнува Кристијан.

Монограма „Кога цветаа тиквите“ во изведба на Кристијан Танчевски

Претпремиера 17 јуни
Премиера 18 јуни
Прва реприза 20 јуни

Нова сцена, Центар за култуа – Битола

Претставата е наменета за лица над 13 години.

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

    Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

    ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ со апел за спас на Малиот Битолски Монмартр

    Од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола денеска преку социјалните…

    „Големиот воин и неговата храбра ќерка“ – Биографија за Златко Неделковски напишана од неговата ќерка Дијана

    Во Офицерскиот дом беше промовирана биографијата за спортската легенда на Битола, кик…

    Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

    На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…