348864803 769461431390437 4795615374499819272 n

Вчера во просториите на Битолската библиотека се одржа книжевен портрет за Јордан Плевнеш.

Јордан Плевнеш е поет, драматург и романсиер, амбасадор на нашата држава во Франција, Португалија и Шпанија.

348870518 1271180336844014 2412906692061462191 n

Беседа одржа проф. д-р Кристина Николовска.

348894597 775771517265325 7277899706579140767 n

Почитуваната професорка истакна дека е свеченост да се беседи за великанот Јордан Плевнеш. Свеченост е да се слави грандиозникот на големиот македонски духовен и твроречки подвиг. Оној кој земјата и традицијата, речта и јазикот ни ги воскрена на највисоко. За г-динот Плевнеш истакна дека е општественик, дипломат, амбасадор на нашата држава во Франција, Шпанија и Португалија, амбасадор на УНЕСКО, амбасадор на нашата култура, но и амбасадор на арното, убавото, профаното. Афирматор на македонските, семакедонските вистини во светот. Добитник на многу престижни награди.

348653218 1173681066662245 4757668959650730879 n

И на крај истакна дека е жител на светот, кој живее и твори и гласноговори и во Париз и во Скопје, но и низ метрополите на светот, оти каде и да стапне со своите дела – сотворува културни престолнини. Така и од Скопје, Битола и Балканот возвиши светски театарски и уметнички метрополи

348849093 671200161506970 2896694915320926972 n

Проф.д-р Христо Петрески, претседател на ДПМ, настанот го направи многу интересен и сите присутни уживаа затоа што г-динот Плевнеш одговараше на 10 прашања кои му ги постави професорот Петрески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…