keti naslovna

Блаже Докуле, Петар Ставрев, Петар Мирчевски, Владимир Костов се само дел од познатите битолски личности кои ја инспирираа битолската карикатуристка, Кети Радевска за да нацрта неколку познати битолчани преточени во портрет катикатури.

Кети постојано црта и учествува на натпреварите и конкурсите за карикатура насекаде низ светот на различни теми кои се зададени. Таа често црта писатели, карикатуристи, актери, пејачи, политичари.

„Некако ми дојде идеја и инспирација да направам неколку ликови од Битола бидејки досега не се организирал некој конкурс за наши македонски ликови кои се познати и почитувани, па така јас решив да изработам нешто. Инаку се занимавам околу 30 години со уметност, сликарство и карикатура. Со карикатурата затоа што ме привлекуваше тоа да биде хумористично и притоа да се претстави ликот со тоа што ќе вметнам во цртањето карикатури и нивно хоби, професија кога се работи на портрет карикатура. Не е лесно, треба многу внимание и посветеност за да се изработи една карикатура и зависи од ликот. Некои ликови се многу лесни и брзо се цртаат, а за други треба повеќе време. Имам многу фестивали каде имам учествувано и учествувам, имам голем број награди,признанија, сертификати и дипломи.

meblo trejd lajsni

Карикатурата е да нé насмее пред сé, реалноста да ја прикаже преку хумор, но и да даде порака. Додека портрет карикатурата е посложена, но мене ми е приоритет и често цртам портрет карикатури. Тука се гледа карактерот на ликот, да се долови максимално и тука се вметнува хоби, професија за да се долови во целост“, вели Кети за Читај бе.

Кети има нацртано многу портрет карикатури кои учествувале на фестивали низ светот на кои се нацртани артисти, уметници, музичари, политичари итн. Нејзината карикатура од Елтон Џон беше на изложба во Националната галерија во Сиднеј, Австралија.

346104739 225800280171284 9193306864070756568 n
jk tunis
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…