Со ремито против тимот на Охрид, екипата на Еурофарм Пелистер 2 успеа да застане на четвртото место и да избори пласман во Европските купови, односно во Лига Европа.

Наша примарна цел за оваа сезона беше пласман во плеј оф, а ние мислам дека направивме многу повеќе за оваа сезона, рече тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ.

јовиќ 1

„Завршивме на таа четврта позиција која носи излез во Европа и сметам дека имаме многу успешна сезона со пласман на Фајнал фор, завршница на Куп на Макеоднија, изборивме излез и во Европа и мислам дека сме единствена екипа која успеа да го победи Вардар на домашен терен покрај нашата прва екипа, Еурофарм Пелистер 2. Голема благодарност до цела управа, до логистиката на клубот, до сите мои играчи, до стручниот штаб. Сметам дека, јас сум малку тежок тренер за работа, но играчите  ги исполнија сите задачи и за тоа им сум многу благодарен“, рече Јовиќ.

Тој за Читај бе коментираше и за можната реконструкција на тимот во наредната сезона.

„Ќе има сигурно реконструкција на вториот тим, сега засега не може подетално да се каже, мислам дека некои играчи заслужија да бидат прекомандувани во првата екипа, ќе ги покриеме тие позиции каде што ќе ни фалат играчи и мислам дека ќе бидеме спремни и квалитетна екипа за наредна сезона“, рече Јовиќ.

еп2 2

Излегувањето во Европа за овој млад тим ќе значи едно искуство плус за овие млади играчи како да се носат со големи натпреварувања.

„Мислам дека ова е круна на оваа успешна сезона, самото играње во плеј оф, имавме доста добри натпревари, мислам дека и натпревари од Лига Европа ќе биде како еден воведен за овие млади играчи кои треба да се носат понатаму со европски натпревари како на клупско така и на репрезентативно ниво. И би напоменал дека покрај сите овие резултати што ги имавме оваа сезона, ние имаме четири репрезентативци од вториот тим кои ќе бидат на подготовки за Медитерански игри во Алжир“, рече Јовиќ.

еп2

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…