РК Еурофарм Пелистер со ручек на клупската управа, двете суперлигашки екипи и академијата на клубот ја заврши натпреварувачката сезона 2021/22. На присутните им се обрати претседателот Зоран Стерјев и челниците на двата клуба. Ракометарите кои го напуштаат семејството Еурофарм Пелистер добија пригодни подароци – уметнички дела со мотиви од градот Битола (дела од ликовната колонија Мал битолски монмартр). Клубот на сите ракометари им посака добро здравје и многу успеси следната сезона.

eurofarm pelister 6

Претседателот Стерјев на сите присутни им се заблагодари за целата пожртвуваност и се што направија за клубот. Тој потенцираше дека сите се дел од семејството и вратите од клубот секогаш ќе бидат отворени и за оние кои заминуваат од клубот. Стерјев во своето обраќање рече дека смета дека изминатава сезона испишаа значајна историја во ракометот во Битола и барем за едно скалило го подигнаа нивото на ракометот во Битола.

Можеби ќе остане трага генерацијата од Еурофарм Пелистер која што имаше голема шанса покрај едниот трофеј, кој после долги години го вративме во Битола, со таа генерација не успеавме да вратиме барем уште еден трофеј, а имавме квалитет, можности, нешто друго фалеше можеби што сите заедно не го направивме за да не успееме во тоа. Но, останува неоспорен фактот дека после долго време, тоа денес го разговаравме и со тренерот Бабиќ, Еурофарм Пелистер полни сали секаде каде што ќе оди, ја полни салата во Битола, ја полни салата во Скопје, во Белград и секаде каде што гостува. И тоа е знак дека работите одат во нагорна линија, во добар правец. Бевме многу блиску до двете титули, фалеа нијанси, моменти, се надевам дека сите заедно како клуб, како личности ќе извлечеме поука од тоа, не само за нашиот клуб, но и како личности и индивидуи да понатаму бидеме во тој сегмент и поуспешни. Еурофарм Пелистер 2 ги надмина и очекувањата коишто секој од нас ги имаше на почетокот, со пласман во плеј офот, на крајот и со место во Европа, комплетно заслужено. Цела сезона одигравте машки, борбено, на високо ниво и на сите им докажавте дека го заслужувате тоа место и тоа е еден момент кој создава посебна гордост, истакна Зоран стерјев, претседател на Еурофарм Пелистер.

eurofarm pelister 7

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Интервју со Маја Атанасовска, организатор на првата женска трка во Битола – Биди своја

На 17 јуни во Битола ќе се одржи првата ноќна женска трка…