Координирана акција за воспоставување волонтерска мрежа за поефикасно и подобро мобилизирање на младите и унапредување на соработката меѓу сите засегнати чинители во локалната заедница.

Младински културен центар – Битола во склоп на проектот „Локален
волонтерски сервис Битола“ формира волонтерски сервис. Овој сервис претставува организиран облик на општествена партиципација којшто ќе вклучува 30 млади луѓе од Битола на возраст од 16 – 29 години. Идејата за формирање на ваков сервис е да се стимулираат волонтерски активности и да се зголеми бројот на млади кои ќе се вклучат во доброволна работа во локалната заедница. Проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

4 LVS pres

Главната цел на проектот е зајакнување на граѓанското учество и учеството на
младите во развојот на локалната заедница преку волонтерство. Формирањето на
Локалниот волонтерски сервис Битола претставува логичен чекор напред во
градењето и унапредувањето на постоечките иницијативи и практики во Битола од
областа на волонтерството коишто во најголем дел се одвоени, независни и без
координација. Очекувани резултати од проектот се формиран (воспоставен)
функционален локален волонтерски сервис во Битола, идентификувани 5 локални
проблеми и преземени 5 волонтерски акции за подобрување на условите за живот во Битола, инспирирани и вклучени 200 млади во волонтерски активности. Преку овие активности и планираната кампања за промоција на волонтирањето се очекува да се оствари промена во генералниот однос и перцепциите на младите во однос на волонтирањето, зајакнување на нивното знаење за придобивки од волонтирањето, а со тоа да се зајакне и учеството на младите во развојот на локалната заедница.

3 LVS pres

Дизајнот и развојот на секој аспект од проектот се реализира преку тесна
соработка меѓу проектните партнери Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ – Битола) и Сфера Интернешнал. Овие организации се веќе етаблирани граѓански организации кои работат со млади и активно учествуваат во креирањето на младинските политики на национално и локално ниво, во регионалните и ЕУ програми за волонтерска размена и активно го поддржуваат функционирањето на Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола.

1 LVS pres

Младите битолчани имаат можност да станат дел од овој сервис преку
пријавување на Јавниот повик што се објави денес на Фејсбук и Инстаграм
профилите на МКЦ – Битола и Сфера Интернешнал. Исто така, младите имаат
можност да добијат информација и преку постерите што ги има на различни
локации во градот.

Повикот ќе биде отворен до 30.10.2022 година.

Марија Мерковска-Крушаревска
МКЦ – Битола
Координаторка на проектот
„Локален волонтерски сервис Битола“

Проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ на Младински културен центар –
Битола се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија
во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја
спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот
Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да ти плачи. Колкупати ги …
Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни
Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300" за особен придонес …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…