Што треба да знаеме за ХПВ (хуман папилома вирусот), кои заболувања ги предизвикува, што се постигнува со вакцината, сите овие прашања беа поставени и одговорени на семинарот на што денеска се одржа во Битола на тема „Здравјето на жените во Северна Македонија – превенција од рак на грлото на матката: Како да се намали ХПВ инфекцијата, инциденцата на рак на грлото на матката и други ХПВ поврзани болести“. 

rotari 1

Семинарот беше во организација на Ротари клуб Битола во соработка со Rotary Djursholm од Шведска, од каде што дојде д-р Лилјана Кочоска Мараш, предавач на семинарот. Преку нејзиното излагање беа пренесени искуствата од шведскиот здравствен систем за превенција на инфекција со ХПВ и сите видови рак предизвикани од овој вирус. Домаќин на овој настан беше Високата медицинска школа при универзитетот Св. Климент Охридски Битола.

rotari 5

Предавачите и здравствените лица на семинарот, покрај што пренесуваа искуства и знаења, исто така и едуцираа за опасноста од ХПВ и за големиот број заболувања предизвикани од овој вирус. Споделија и практични совети за превенција преку вакцинација и како се одвива процесор на вакцинирање.

Организирањето на овој семинар е дел од заложбите на Ротари клуб Битола да се подигне свесноста на граѓаните и засегнатите страни за прашања поврзани со здравјето на жената и потребата од едукација на оваа тема.

rotari 6

„Преку проектите кои се спроведуваат и служиме на заедницата, давајќи пример и помагајќи таму каде што е најпотребно.  Ние се залагаме за нашите заедници и локално и во странство. Ги поддржуваме оние на кои им е потребна помош, се стремиме да го подобриме животот и носиме позитивни промени во нашите соседства. Секој настан, иницијатива или проект што го водиме – без разлика дали е локален, национален, меѓународен или онлајн – е вкоренет во поимот заедница. Тоа е затоа што веруваме дека општеството функционира подобро кога заедниците работат заедно”, изјави претседателот на Ротари клубот Битола – Илија Јолевски.

1
организатори
Предавање на теми од книгите на проф. д-р Зоран Крстевски во битолската библиотека
Пред преполната сала во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, предавање одржа проф. …
Марко Николиќ албумот првенец ќе го промовира и во Македонија
Марко Николиќ по 20 години професионална музичка кариера во која неговото име …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…